Виктор Аничебе
Виктор Аничебе | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 27 април 1988 | ||
Роден во | Лагос, Нигерија | ||
Држава | Нигерија | ||
Висина | м | 1,90||
Играчки податоци | |||
Позиција | напаѓач | ||
Повлекување | 2017 | ||
Младинска кариера | |||
Евертон | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
2006-2013 | Евертон | 131 | (18) |
2013-2016 | Вест Бромвич Албион | 55 | (6) |
2016-2017 | Сандерленд | 18 | (3) |
Репрезентација ‡ | |||
2008-2011 | Нигерија | 11 | (1) |
* Ажурирано на: 17 ноември 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2011 |
Виктор Чинеду Аничебе (англиски: Victor Chinedu Anichebe) — нигериски фудбалер, напаѓач кој во моментов е без клуб.
Животопис
[уреди | уреди извор]Аничебе е роден во Нигерија, но уште кога имал само една година неговото семејство се преселило во Ливерпул. Тој е братучед со уште тројца спортисти поранешниот фудбалер Ифи Онура, британската атлетичарка Анјика Онура и професионалниот нигериски кошаркар Чиз Онура.
Технички одлики
[уреди | уреди извор]Напаѓач, за кој може да се каже дека е доста брз, цврст и силен во воздушните двобои. Во својата кариера играл и како десно крило.
Кариера
[уреди | уреди извор]Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Аничебе уште со 15 години дебитирал за резервистите на Евертон. Својот прв официјален настап за првиот тим на карамелите го имал на 27 февруари 2006 во рамките од третото коло на ФА Купот против Челси кога заменил Сајмон Дејвис во 89-тата минута од мечот. Првиот професионален договор Аничебе со својот тим го потпишал во април 2006 откако станал полнолетен со обврска на две години. На крајот од сезоната 2005-2006 тој е избран за играч на сезоната кај резервистите и тоа значеше дека во наредната сезона менаџерот Дејвид Мојес има уште еден доста талентиран фудбалер на располагање. Но пред да дојде новата сезона тој го постигна својот прв гол за првиот тим на Евертон во последното коло од оваа кампања во мај против Вест Бромвич Албион протнувајќи ја топката низ нозете на голманот Томаш Кушчак и уште еднаш потврдувајќи го својот талент.
Во сезоната 2006-2007 повредите беа доста честа појава со Аничебе па тој одигра само 19 меча за тимот.И покрај тоа тој постигна 3 гола, 2 од нив беа на мечот против Њукасл на Боксиндеј во победата на Евертон од 3:0. Својот последен гол за сезоната го постигна против Фулам во уште една убедлива победа овојпат од 4:1.
Следната сезона Аничебе одигра најмногу натпревари за Евертон во кариерата. Тој постигна четири гола во УЕФА купот против четири различни екипи Лариса,Нирнберг, Металист и Бран и тоа најчесто откако влегуваше како резерва.
Својот последен гол за Евертон во лигата го постигнал на 13 март 2010 против Бирмингем Сити.
На почетокот на сезоната 2011-2012 тој беше стрелец и во мечот од лига купот против Шефилд Јунајтед. (Евертон победил со 3:1). Во првиот ден од 2012-тата година Аничебе постигна гол на гостувањето на Евертон кај Вест Бромвич Албион во 87-ата минута донесувајќи му победа на својот тим од 1:0, што беше негов прв гол во лигата после 22 месеци. Тој продолжи успешно да се враќа во форма и две недели подоцна беше одново стрелец. Тој влезе од клупата за резерви во 61-ата минута од гостувањето кај Астон Вила, а само осум минути подоцна постигна гол и го израмни резултатот на 1:1, што накрајот беше и конечен резултат.
На 2 септември 2013 година потпишал за Вест Бромвич Албион за 8 милиони евра. На 2 февруари 2014 постигнал гол на домашен терен против Ливерпул за израмнување на 1-1 и на тој начин му донел бод на својот тим; девет дена подоцна го сторил истото и против Челси во уште едн реми на Хауторнс со резултат 1-1.
На 18 мај 2016 година, било најавено во клупското соопштение дека Аничебе и неговиот соиграч Стефан Сесењон ќе го напуштат Вест Бромвич Албион и дека нема да им бидат продолжени договорите.
На 2 септември 2016, Аничебе потпишал едногодишен договор со Сандерленд кој бил под водство на неговиот некогашен менаџер од Евертон, Дејвид Мојес.[1][2] Своето деби за клубот го направил на 24 септември 2016 во поразот на домашен терен од Кристал Палас со 2-3, појавувајќи се од клупата за резерви на местото на Андан Јанузај во 86-тата минута.[3] На 5 ноември го постигнал својот прв гол за црните мачки во победата со 2-1 на гостувањето против Борнмут; подоцна во истиот натпревар поради фаул над него бил досуден пенал кој Џермејн Дифо го претворил во гол и прва победа за Сандерленд во сезоната 2016-2017.[4][5]
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Аничебе е репрезентативец на Нигерија од 2008 година. Тој не бил во изборот од дваесет и тројцата фудбалери за Светското првенство 2010 во Јужна Африка поради лошата форма во тој момент. Својот единствен гол за својата репрезентација го постигнал во пријателски натпревар против Кенија во март 2011.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Victor Anichebe: Sunderland sign striker until end of season“. BBC Sport. Посетено на 2016-09-02.
- ↑ „Striker Anichebe joins“ (англиски). Посетено на 2016-09-02.
- ↑ Report: Sunderland 2-3 Crystal Palace soccerway.com
- ↑ „Bournemouth 1-2 Sunderland“ (англиски). BBC. Посетено на 2016-11-05.
- ↑ „Sunderland striker Victor Anichebe trolls himself after scoring in win over Bournemouth“ (англиски). mirror.co.uk. Text "http://www.mirror.co.uk/sport/football/news/sunderland-striker-victor-anichebe-trolls-9203965" ignored (help);
|access-date=
бара|url=
(help)