Стивен Пиенар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
ЈАР Стивен Пиенар
Steven Pienaar, Everton.jpg
Лични податоци
Роден на 17 март 1982 (1982-03-17) (воз. 34 г.)
Роден во Јоханесбург, Јужна Африка
Висина &100000000000001700000001,70 м
Позиција среден ред, крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Сандерленд Сандерленд
Број 20
Младинска кариера
Ајакс Кејп Таун Ајакс Кејп Таун
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1999-2001 Ајакс Кејп Таун Ајакс Кејп Таун 24 (6)
2001-2006 Ајакс Ајакс 94 (15)
2006-2007 Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд 25 (0)
2007-2011 Евертон Евертон 104 (9)
2011-2012 Тотенхем Тотенхем 10 (0)
2012-2016 Евертон Евертон 85 (11)
2016- Сандерленд Сандерленд 6 (0)
Репрезентација
2002-2012 ЈАР Јужна Африка 61 (3)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 17 јануари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 јануари 2012

Стивен Џером Пиенар (роден во Јоханесбург, 17 март 1982) е јужноафрикански фудбалер играч од средниот ред на Сандерленд.

Пиенар игра на позицијата офанзивен играч од средниот ред или крило. Пред Сандерленд настапувал и за Ајакс Кејптаун, Ајакс, Борусија Дортмунд, Евертон и Тотенхем.

Има прекар "Шило", кој го добил по италијанскиот напаѓач Салваторе Скилачи.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Ајакс Кејптаун[уреди | уреди извор]

Пиенар е роден во Јоханесбург, Гаутенг. Тој ја започнал својата професионална кариера во редовите на Ајакс Кејптаун, некои 1400 км одалеченост од неговиот дом во Јоханесбург. Тој го привлекол вниманието на Ајакс КТ додека играл за училиштето School of Excellence и бил запрашан дали сака да се приклучи на нивната младинската школа.

Во Ајакс Кејптаун, Пиенар работи со холандскиот тренер Лео ван Веен за кого вели: "Јас имав среќа да ме тренира холандски тренер (Лео ван Веен), кој многу ми помогна да се усовршам... Нему му се допадна начинот на кој јас играв, но во исто време тој го промени мојот менталитет. Тој ме научи како да се подготвувам за натпреварите, не само играта на теренот туку и како да ја подигнам публиката, но пред се, како да се игра за тимот".

Пиенар во Ајакс

Ајакс[уреди | уреди извор]

На возраст од 18 години, тој беше купен од страна на холандскиот Ајакс од Амстердам во јануари 2001 година, но на своето деби во Ередивизија чекаше до 24 февруари 2002 година - во победата со 1-0 над НАК Бреда. Тој стана клуечен играч на Ајакс во тимот кој ја освои холандската лига во 2002 и 2004 година. Пиенар блескаше како најдобрите играчи на Ајакс и со носеше рамо до рамо со ѕвездите како што беа Златан Ибрахимовиќ, Максвел, Кристијан Киву, Мидо, Најџел де Јонг, Рафаел ван дер Варт, Весли Снајдер и идните тимски соиграчи од Евертон Џон Хеитинга и Енди ван дер Мејде.

Пиенар во Дортмунд

Борусија Дортмунд[уреди | уреди извор]

Во јануари 2006 година германскиот клуб Борусија Дортмунд го ангажираше Пиенар на три-годишен договор од Ајакс. Тој беше донесен како замена за Томаш Росицки кој замина во Арсенал. Во првата сезона на Пиенар со Борусија Дортмунд тој го доби дресот со број 10, испразнет од страна на чешкиот плејмејкер. Пиенар се бореше во Дортмунд, но никогаш не беше прифатен од страна на соиграчи во клубот.

Евертон[уреди | уреди извор]

Пиенар му приклучи Евертон на заем за сезоната 2007-08 а подоцна потпиша три-годишен договор од Борусија за унапред-договорена сума од 2.000.000 £ по плаќањето на почетна сума за заемот од 350,000 £ во април 2008 година . Пиенар го направи своето деби за Евертон во победата од 2-1 дома над Виган Атлетик на 11 август 2007 година, заменувајќи го Леон Осман во 73 минута од клупата за резерви. Пиенар го постигна својот прв гол за Евертон во победата дома со 2-0 над Мидлзборо на 30 септември.

И покрај тоа што пропушти единаесет натпревари поради повреда, Пиенар беше избран за играч на годината на Евертон за сезоната 2009-2010.

Тотенхем[уреди | уреди извор]

Во јануари 2011 година, два тима беа сериозно заинтересирани Челзи и Тотенхем да го купат Пиенар од Евертон, пред Јужноафриканецот да одлучи да му се приклучи на Спарс за сума од 3.000.000 £ на ​​четиригодишен договорот. Тој го направи своето деби за Тотенхем нагостувањето кај Њукасл Јунајтед во натпревар што заврши нерешено 1-1. Во август 2011 година, Пиенар заработи повреда на препоните, која го отфрли од терените за шест недели. Пиенар го постигна својот прв гол за Тотенхем, во Лигата на Европа кога тие го победија Шамрок со високи 4-0.

Враќање во Евертон[уреди | уреди извор]

Во последните часови од јануарскиот преоден рок 2012 година, Пиенар го комплетираше враќањето назад на Гудисон Парк на договор за шестмесечен заем. Тој го направи своето повторно деби за Евертон во ремито 1-1 нагостувањето кај Виган Атлетик, а веќе следната недела тој го постигна својот прв гол за време на неговата позајмица откако му донесе водство на неговиот тим против Челзи. Подоцна Денис Страквалурси го постигнал вториот гол за Евертон заверувајќи ја големата победа на карамелите од 2-0. Пиенар ја заврши сезоната со погодок против Њукасл Јунајтед, а потоа тој ја наведува својата желба да остане во Евертон откако ќе му истече позајмицата. И покрај тоа што одигра само 14 натпревари, Пиенар ја заврши сезоната со 6 асистенции, најмногу од било кој играч на Евертон во кампањата. На ова тој додаде, четири гола, со што го израмни неговиот најдобар резултат по ефикасност во лигата од сезоната 2009-10 кога истотака постигна 4 гола, но пак тогаш одигра 30 натпревари што е двојно повеќе.

Во јули 2012 година, потпишал постојан договор со Евертон, откако клубот му платил на Тотенхем 4.500.000 £. На 25 август 2012 година, го отворил резултатот во победата со 3-1 над Астон Вила на гости, негов прв гол за Евертон откако по втор пат потпишал со клубот перманентен договор. На 9 декември го постигнал 1000-тиот гол на Евертон во Премиер лигата, во победата со 2-1 над неговиот поранешен клуб Тотенхем.

Својот последен гол во дресот на Евертон го постигнал на 19 октомври 2013, во победата на домашен терен со 2-1 над Хал Сити. Во последните две сезони на Гудисон Парк, Пиенар одиграл само 17 натпревари (во сите натпреварувања) како резултат на многубројните различни повреди кој го измачувале.

Вкупно во својата кариера за Евертон одиграл 229 натпревари и постигнал 26 гола.

Сандерленд[уреди | уреди извор]

На 19 август 2016, Пиенар потпишал едногодишен договор со Сандерленд. приклучувајќи му се на својот некогашен менаџер Дејвид Мојес.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Пиенар го направи своето деби за сениорската репрезенрација на Јужна Африка во победата со 2-0 против Турија во 2002 година и оттогаш собрал 46 настапи и има постигнато два гола. Тој учествуваше на Светските првенства во 2002 и 2010.

Титули[уреди | уреди извор]

Холандија Ајакс[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]