Денис Страквалурси

Од Википедија — слободната енциклопедија
Денис Страквалурси
Denis Stracqualursi
Лични податоци
Роден на 20 октомври 1987(1987-10-20)(36 г.)
Роден во Рафаела, Аргентина
Висина &100000000000001910000001,91 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Сан Лоренцо
Број 9
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2007–2008 Унион де Сунхалес 24 (11)
2008-2010 ФК Гимназија Ла Плата 46 (6)
2010– Тигре 35 (21)
2011–Евертон (позајмен) 20 (1)
2012– Сан Лоренцо 4 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Денис Страквалурсиаргентински фудбалер кој настапува за тимот на Евертон како позајмен од аргентинскиот прволигаш Тигре.

Кариера[уреди | уреди извор]

Тој својата кариера ја започнал во третолигашот Унион де Сунхалес.По една сезона помината тука тој потпишал за ФК Гимназија Ла Плата тим од елитната лига на аргентинскиот фудбал.

Тигре[уреди | уреди извор]

Пред почетокот на сезоната 2010-2011 Страквалурси дојде во Тигре на позајмица од една сезона со можност за откуп на крајот од сезоната.Во зимското првенство наречено Апертура тој постигна 11 голови за Тигре и беше прв стрелец во лигата заедно со уругваецот Сантјаго Силва.Со тоа стана првиот фудбалер на Тигре во историјата кој бил прв стрелец во аргентинската лига.

Евертон[уреди | уреди извор]

Во последните денови на август Страквалурси потпиша за Евертон на позајмица од Тигре до крајот на сезоната.Своето деби за карамелите го имаше во домаќинскиот меч на Евертон против Виган на 17 септември 2011 влегувајќи како замена за Тим Кејхил. Својот прв погодок во Премиер лигата Страквалурси го постигна на 11 февруари 2012 кога по одличната асистенција на Лендон Донован тој го совлада Петр Чех и му обезбеди победа на својот тим над Челси од 2-0.

Сан Лоренцо[уреди | уреди извор]

Во јули 2012 Страквалурси потпиша за Сан Лоренцо како слободен играч откако му истече договорот со Тигре.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]