Саке

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Нигори или нефилтрирано саке

Саке (јапонски: 日本酒) (Изговор ) е алкохолен пијалак произведен од ориз. Историските податоци го датираат уште во 3. век кога во книгите е регистриран начинот и обичаите кои се поврзуваат со уживањето во сакето. Тоа е доцниот период на Јомоните, кога и начинот за производство на оризот бил донесен во Јапонија. Се верува дека производството на саке започнало отприлика во тој период.

Јапонскиот закон за пијалаци го дефинира сакето како “пијалак што се произведува од ориз, оризова који-ја (мувла што се користи за претворање на скробот во оризот во шеќери кои можат да ферментираат) и вода со помош на постапка за ферментирање и филтрирање“. Ова е теориска дефиниција и таа се однесува на традиционалниот вид саке што е карактеристичен во Јапонија.