Прејди на содржината

Домашно пиво

Од Википедија — слободната енциклопедија
Буриња (најчесто 9-галон буриња наречени фиркинс) надвор од Замокот Рок во Нотингем, Англија

Домашно или занаетчиско пиво (на англиски: craft beer) — пиво кое се произведува во мали количини (или понекогаш произведно од коренот на дрвото), обично се многу помали отколку големи корпоративни пиварите, и се во независна сопственост. Како пивари кои произведуваат такво пиво, тие генерално се одликуваат со својот акцент на квалитет, вкус и техника на производство.[1][2]

Историјат

[уреди | уреди извор]

Крафтинг движењето, или производството на домашни пива започнало во Велика Британија во 1970 година, иако традиционалните рачно изработени пива, постоеле во Европа со векови и потоа се прошириле на другите земји. Како движењето растело, така  и некои пивари го прошириле своето производство и дистрибуција, и се појавиле повеќе концепти за производство на крафт пивото.Ваквите пива најмногу се продаваат во домашни пивници или пабови.[3] Овие пива не можат да се најдат во продажба зашто се во мали количества, и некои претставуваат ексклузивна можност да се пробаат овие дела на големите мајстори на одредени настани или фестивали[4].

Домашни пива во Македонија

[уреди | уреди извор]

Производството на домашно пиво во Македонија, зема сè поголем замав во втората деценија на XXI век започнувајќи со производството на домашно пиво на пивница „Темов“, како и на поголем број на приватни лица кои со знаења и искуство од странство и интернет и обезбедување на состојки од домашно потекло успешно во домашни услови произведуваат различни видови на пиво. Прв салон на занаетчиските (домашни) пива во Македонија се одржал на 3 март 2018 година, каде 12 производители на пиво во домашни услови (кујна, гаража) од Скопје, Битола, Велес, Куманово и Грција ги претставиле своите пива пред стотици присутни[5].

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Alison Boteler (2009). The Gourmet's Guide to Cooking with Beer. Quarry Books. стр. 15. ISBN 978-1-59253-486-9. Архивирано од изворникот на 11 October 2013. Посетено на 21 July 2011.
  2. Oliver, Garrett (2011). „Craft brewing“. Во Oliver, Garrett (уред.). The Oxford Companion to Beer. Oxford University Press. стр. 270–271, 585. ISBN 0195367138. Укажано повеќе од еден |ISBN= и |isbn= (help)
  3. Oliver, Garrett (2011). „Craft brewing“. Во Oliver, Garrett (уред.). The Oxford Companion to Beer. Oxford University Press. стр. 270–271. ISBN 0195367138. Укажано повеќе од еден |ISBN= и |isbn= (help)
  4. „Полека создаваме домашна пивска сцена“. http://novamakedonija.com.mk. Посетено на 2018-03-05. Надворешна врска во |work= (help)[мртва врска]
  5. „Полека создаваме домашна пивска сцена“. Нова Македонија. 28 февруари 2018. Посетено на 5 март 2018.[мртва врска]