Родопски конгрес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Околиската чета на Пејо Шишманов во месноста Имарет Дере над село Карлуково.
Знаме на ахчелебиската чета.

Родопскиот конгрес е конгрес на V-ти Ахчелебиско-Скечански реон на Одринскиот револуционерен округ на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација, што се одржал на 5 и 6 јули 1903 година во месноста Свети Дух над село Карлуково кај денешниот град Смољан.

Спроведување на конгресот[уреди | уреди извор]

Конгресот на Петрова Нива бил одлучил за отцепување на самостоен V-ти реон. Родопскиот конгрес ги дискутираал одлуките донесени на Петрова Нива и пријавени од Христо Караманџуков - единствениот претставник од Родопите, кој учествувал на конгресот на Петрова Нива. Разговарано било и за подготовката и тактиката на претстојното востание, потврдила се структурата на регионот, и се формиарле вкупно пет борбени простора. Конгресот избрал и Боево тело со претседател Пејо Шишманов, секретар Никола Данаилов и член Христо Караманџуков.[1] Во склад со етничката структура на месното население, воената подготовка и недостатокот на оружје конгресот одлучил востанието во V-ти револуционерен реон да се ограничи главно со спроведување на саботажа акции.

Одредени биле просторите, војводите, подвојводите и знаменосците:

Избрана е и околиска чета со војвода Пејо Шишманов и подвојводата и знаменосец Никола Шишманов.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Караманджуков, Христо. "Западнотракийските бугари во своето културно-историско минато со посебен поглед на нивното политичко-револуционерно движење", Софија, 1934, стр 117 - 118.