Рибарци (Тиквешко)

Координати: 41°30′35″N 21°57′41″E / 41.50972° СГШ; 21.96139° ИГД / 41.50972; 21.96139
Од Википедија — слободната енциклопедија
Рибарци
Рибарци во рамките на Македонија
Рибарци
Местоположба на Рибарци во Македонија
Рибарци на карта

Карта

Координати 41°30′35″N 21°57′41″E / 41.50972° СГШ; 21.96139° ИГД / 41.50972; 21.96139
Регион Предлошка:Грбови
Општина Росоман
Население 29 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 11037
Надм. вис. 378 м
Рибарци на општинската карта

Атарот на Рибарци во рамките на општината
Рибарци на Ризницата

Рибарци — село во Општина Росоман, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во Тиквешијата, оддалечено 10 километри северозападно од Кавадарци и 3 километр источно од општинскиот центар Росоман.

Историја

Во XIX век селото било дел од Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Демографија

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Рибарци живееле 165 жители, сите Македонци.[2]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Рибарци имало 136 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Според пописот од 2002 година селото имало околу 41 жител, сите Македонци.[4]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Рибарци има 29 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно
Македонци 27
Албанци 0
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 1
Бошњаци 0
Други 1

На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[5]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 165[2] 136[3] 225 207 189 142 67 51 39 41

Родови

Според истражувањата од периодот 1914-1924 година, родови во селото

Македонски

  • Доселеници: Кочовци-Гоговци (3 к.) доселени се на почетокот од XIX век од старото село Демир-Попадија; Туневци (1 к.) доселени се во исто време кога и претходниот род од селото Градско; Иловци (1 к.) доселени се во 1840 година од селото Сопот; Грозановци (1 к.) доселени се во 1850 година од селото Паликура; Пауновци (2 к.) доселени се во 1850 година од селото Сопот; Ѓувалевци (1 к.) доселени се од селото Бизевиќ во 1875 година; Мановци (1 к.) доселени се во 1880 година од селото Рисјанска Курија; Митревци (1 к.) доселени се во 1894 година од селото Паликура.[6]

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 714 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на продавница.[7]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 31 гласач.[8]

Културни и природни знаменитости

Верски градби
  • „Св. Ѓорѓи“ - камен темелник осветен и поставен на 1 декември 2015 година;[9]
Археолошки наоѓалишта[10]

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр.154
  3. 3,0 3,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 104 – 105.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  6. Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Раец.
  7. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  8. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  9. Литургија и освет на камен темелник
  10. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. стр. 158. ISBN 9989649286.

Надворешни врски