Реџеп Таип Ердоган

Од Википедија — слободната енциклопедија
Реџеп Таип Ердоган
Претседател на Турција
На должноста
Стапил
28 август 2014
Премиер Ахмет Давутоглу (2014-2016)
Бинали Јилдирим(2016-
Потпретседател Фуат Октај
Претходник Абдула Ѓул
Премиер на Турција
На должноста
14 март 2003 – 28 август 2014
Претседател Ахмед Сезер (2003-2007)
Абдула Ѓул(2007-2014)
Претходник Абдула Ѓул
Наследник Ахмет Давутоглу
Водач на Партијата на правдата и развојот (АКП)
На должноста
Стапил
21 мај 2017
Претходник Бинали Јилдирим
На должноста
14 август 2001 – 27 август 2014
Наследник Ахмет Давутоглу
Градоначалник на Истанбул
На должноста
27 март 1994 – 6 ноември 1998
Претходник Нуретин Созен
Наследник Али Муфит Ѓуртуна
Член на Големото национално собрание на Турција
На должноста
9 март 2003 – 28 август 2014
Изборна единица
  • Сиирт (2003 -
    повторени избори)
  • Истанбул I (2007, 2011)
Лични податоци
Роден(а) 26 февруари 1954(1954-02-26)(70 г.)
Ѓунејсу, Ризе, Турција
Партија Партија на правдата и развојот (2001–2014; 2017–)
Сопружник Емине Ѓулбаран (в. 1978)
Потпис
Портал tccb.gov.tr

Реџеп Таип Ердоган (турски: Recep Tayyip Erdoğan; 26 февруари 1954}) — турски политичар кој е претседател на Турција од 2014 година. Ердоган бил премиер на Турција од 2003 до стапувањето на претседателската функција во 2014 година и градоначалник на Истанбул од 1994 до 1998 година. Тој е основач на Партијата на правдата и развојот (АКП) која ја водел од 2001 до 2014 година. Во 2017 година одново го презел раководството на партијата откако во Турција се одржал референдум за одобрување на 18 уставни амандмани. Ердоган има политичка позадина наклонета кон исламизмот, и е самопрогласен конзервативен демократ. За време на неговото владеење промовира социјално-конзервативни и популистички политики.

Животопис[уреди | уреди извор]

Во текот на 1967 година, Ердоган живеел во Истанбул. Завршил на факултетот на факултетот за менаџмент во 1981 година. На осумнаесет години стапил за првпат во политичките води. Во текот на 1969-1982 година бил полупрофесионален фудбалер.

Политичка кариера[уреди | уреди извор]

За градоначалник на Истанбул бил избран на локалните избори од 27 март 1994 година. Подоцна, тој бил одусен на казна затвор поради потикнување на верска омраза. По ова, тој ја основал Партијата за правда и развој. Партијата, по само една година од своето основање, во 2002 година забележала победа на парламентарните избори. Во почетокот, Ердоган не бил премиер, туку на таа функција стапил на 14 март 2003 година.

Како премиер, Ердоган спровел бројни реформи. По 45 години, преговорите за пристапување на Турција во ЕУ биле отворени за време на неговиот мандат. Паралелно со ова, инфлацијата, која со децении имала негативно влијание врз економијата на земјата, била донесена под контрола и на турската лира и биле отстранети шест нули. Каматните стапки на јавниот долг биле намалени, а доходот по жител на Турција значително пораснал. Неговата партија победила на изборите од 2007 година.[1]

Ердоган, исто така бил цел на многу критики, во прв ред поврзани со нарушувањето на секуларнииот карактер на државата.

Во 2009 година, Ердоган станал популарен помеѓу арапскиот свет, обвинувајќи го израелскиот претседател Шимон Перес дека израелската офанзива е злосторство против човештвото поради убивањето на палестинските деца и цивили. По ова, тој во Турција бил пречекан како национален херој.[2] Во текот на 2010 година, тој ја посетил Атина, што претставувало историски настан за односите помеѓу двете земји.[3]

Во 2014 година, на периферијата на Анкара била отворена новата претседателска палата со 1.150 соби, што предизвикало критики како непотребна екстраваганција и демонстрација на тоталитарната власт. Истовремено, Ердоган бил обвинет за мегаломанија и за градење на култ на личноста. Во март 2015 година, лекарот на Ердоган, Џевдет Ердол изјавил за весникот „Хуриет“ дека храната што ја јаде Ердоган постојано се проверува поради неговиот страв да не биде отруен. Исто така, тој најавил дека во претседателската палата ќе се изгради лабораторија за анализата на храната што се подготвува за претседателот.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Çelik, Adil 22 Temmuz Seçim Sonuçlarını Nasıl Okumalı?
  2. „Реџеп Таип Ердоган“. Утрински весник. Архивирано од изворникот на 2009-02-06. Посетено на 2011-03-05.
  3. „Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во дводневна посета на Грција“. Телевизија Сител. Посетено на 2011-03-05.
  4. „Ердоган се плаши да не биде отруен“, Утрински весник, година XVI, број 4725, четврток, 5 март 2015, стр. 13.