Ахмет Давутоглу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ахмет Давутоглу
Ahmet Davutoğlu
Министер за надворешни работи
На должноста
Стапил
1 мај 2009
Претседател Абдула Ѓул
Премиер Реџеп Таип Ердоган
Претходник Али Бабаџан
Наследник во служба
Лични податоци
Роден(а) 26 февруари 1959(1959-02-26)(65 г.)
Ташкент, Конија
Партија Партија на праведноста и развојот
Сопружник Саре Давутоглу(1984)
Деца Сефуре, Мејмуне, Мехмет, Хакер Бук
Установа Универзитет Богазичи
Вероисповед ислам

Ахмет Давутоглу (роден на 26 февруари 1959 во Ташкент, Конија) е турски политичар, академски научник, амбасадор и актуелен министер за надворешни работи на земјата.

Давутоглу дипломирал на Истанбуслкиот универзитет Еркек и на универзитетот Богазичи во Истанбул, каде се стекнал со диплома по јавна администрација и станал доктор по политички науки. Во периодот од 1993 до 1999 година работел како професот на универзитетот Мармара.

Во текот на неговата политичка кариера, тој бил на повеќе позиции. Тој бил еден од одговорните во преговорите на турската влада за решевање на конфликтот во Израел и Газа во 2008 година. На 1 мај 2009 година бил назначен за министер за надворешни работи. Во негово време, Турција станала една од водечките земји во регионот и Блискиот Исток.[1].

Давутоглу честопати се поистоветува со поимот нео-отоманизам[2], кој се залага за комонвелт со своите соседи и некогашните отомански провинции. И покрај ова тврдење, тој лично ова го отфрла.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Turkey FM Davutoglu embraces mediation role , (in English), bbc.co.uk, 31 Dec 2009
  2. Simsek, Ayhan. „The changes and challenges of Turkey's foreign policy“. Посетено на 14 December 2010.