Прњавор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Prnjavor
Прњавор
Skyline of Prnjavor
Местоположба на градот
Местоположба на градот
Земја  Босна и Херцеговина
Управа
 • Градоначалник Синиша Гатариќ [1]
Површина
 • Вкупна 629.95 км2
Население (2013 census)
 • Вкупно 38.399
 • Густина 61/км2
Часовен појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Повик. бр. 51
Мреж. место www.opstinaprnjavor.net

Прњавор — град и општина во северниот дел на Босна и Херцеговина, како дел од Република Српска, помеѓу градовите Дервента и Бања Лука. Според податоците од пописот во 2013 година, Прњавор има 8.484 жители.

Џамија
Манастир
Седкиште на општината

Историја[уреди | уреди извор]

Економскиот потенцијал на градот бил препознаен уште римско време, но економскиот развој градот го доживеал во средниот век. Според историските извори, средновековните манастири биле изградени на месноста Прњавори, од каде доаѓа и името на денешниот град.

За време на отоманскиот период, регионот страдал постојано бидејќи се наоѓал на границата со Хабсбуршката Монархија. За прв пат во пишаната историја градот бил споменат во 1828 година. Во средината на 19 век, според евиденцијата на патописецот Јукиќ, Прњавор имал околу стотина куќи и околу илјада жители.

Во 1878 година Австро-Унгарија ја окупирала Босна и властите одлучиле областа околу Прњавор да биде населена преку привлекување на доселеници од други делови на царството, па во градот имало Италијанци, Украинци, Чеси, Полјаци, Унгарци и Германци. Иако повеќе од половина од населението останале православните Срби, мулти-етничкиот карактер на населението довел да Прњавор биде наречен „Мала Европа“.

Во 1918 година Босна станала дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. За време на меѓувоениот период од 1918 до 1941 година Прњавор бил подложен на значаен економски развој преку отворање на занаетчиски работилници, хотели, повеќе продавници и неколку производствени погони. Од 1929 до 1941 година Прњавор беше дел од Врбаска бановина на Кралство Југославија.

По колапсот на внатрешната безбедност за време на Втората светска војна, нацистите одлучиле да ги евакуираат етничките германци. По 1945 година комунистичкиот режим на Јосип Броз Тито ги уништил сите траги на германската историја и наследство во регионот.

Демоградфија[уреди | уреди извор]

На крајот на 19 век, за време на Австро-Унгарија, тогаш ретко населената област на Општина Прњавор била колонизирана од страна на доселеници од Источна и Централна Европа (Украина, Италија, Унгарија, Полска, Германија, Австрија, Чешка, Словачка, итн ). Во времето на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија и поради бројните национални малцинства (околу 20), Прњавор бил наречен „Мала Европа“. Денеска, освен Србите, Хрватите и Бошњаците, во градот живеат мал број Унгарци, Словаци, Германци, Словенци, Македонци и.т.н. Според пописот од 1921 година, во Прњавор живееле:

Вкупниот број на население изнесувал 49.893 луѓе. Според верската припадност:

Економија[уреди | уреди извор]

Во 2000 година во приватниот сектор биле вработени 1.900 луѓе, а во 2005 година бројот бил околу 3.000.

  • Приватни претпријатија: 300
  • Продавници: 850
  • Државни претпријатија и институции: 70
  • Вработени: 5600
  • Невработени: 3600

Спорт[уреди | уреди извор]

Во градот се наоѓа и седиштето на фудбалскиот клуб ФК Љубиќ Прњавор кој настапува во Втората фудбалска лига на Република Српска. ФК Љубиќ Прњавор своите домашни натпревари ги игра на Градскиот стадион кој има капацитет од 2.500 гледачи. Клубот бил основан во 1947 година.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]