Нов израелски шекел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нов израелски шекел
השטרות החדשים של ישראל.jpg
Банкноти од нов израелски шекел (тековна серија Ц)
ISO 4217
КодILS
Број376
Составници
Подединица
1100Агора
Множина
  • шекели
  • шекалим
Агора
  • Агора
  • Агорот
Симбол
Банкноти
 Чести20 шекели, 50 шекели, 100 шекели, 200 шекели
 Ретки5 шекели, 10 шекели
Монети
 Чести10 агори, половина шекел, 1 шекел, 2 шекели, 5 шекели, 10 шекели
 Ретки1 агора, 5 агори
Демографија
ЗаменетаСтар израелски шекел
Корисник/ци Израел
 Палестински територии[1]
Издавач
Централна банкаБанка на Израел
 Мреж. местоboi.org.il
ПечатарОрел Фусли[2]
КовачницаKOMSCO[3]
Вредност
Инфлацијаpositive decrease-0.59% (2020)
нагативен пораст0.35% (2021 проценка.)
 ИзворБанка на Израел, Статиста, април 2021

Израелскиот нов шекел ( хебрејски: שֶׁקֶל חָדָשׁШекел Хадаш “; арап. شيكل جديدШекел Џадид “; ознака:  ; код: ILS), познат и како израелски шекел (хебрејски: שקל ישראלי , арап. شيكل إسرائيلي), е валута во Израел и исто така се користи како законско средство за плаќање на палестинските територии на Западниот Брег и Појасот Газа. Еден шекел е еднаков на 100 агори. Новиот шекел бил воведен на 1 јануари 1986 година, кога го заменил стариот шекел во сооднос од 1000:1.

Валутната ознака за новиот шекел е комбинација од првите хебрејски букви од зборовите шекел (ש) и ẖадаш (ח)(нов). Неофицијално се користи и кратенката NIS ( ש״ח и ش.ج ) за да се деноминираат цените, која исто така се појавува и на веб-страницата на Банката на Израел. Но, официјален код на новиот израелски шекел е ILS, и како таков е внесен во Меѓународната организација за стандардизација под ISO 4217.

Историја[уреди | уреди извор]

Името „шекел “ (שֶׁקֶל ) потекнува од древната библиска валута со исто име. Во Библијата се споменува дека Авраам му платил „четиристотини шекели сребро“ на Хетеецот Ефрон за пештерата на патријарсите во Хеброн.[4] Шекел била стара мерка за тежина или валута во древниот Израел, од хебрејскиот корен ש-ק-ל (š-ql) што значи „тежи“, а зборот го има и во другите семитски јазици како акадскиот (šaqālu и šiqlu) [5] и арамејскиот (תְּקַל teqal и תִּקְלָא tiqla). [6] На почетокот, можеби се однесувал на тежина на јачмен. Во древниот Израел, било познато дека шекелот е околу 180 зрна (11 грама или 0,35 троини унци).

По создавањето на современата држава Израел, Англо-палестинската банка во периодот од 14 мај 1948 година до 1952 година подолжила да издава банкноти познати под името палестинска фунта која била врзана за британската фунта. [7] Во 1952 година, Англо-палестинската банка го променила своето име во Национална банка на Израел (Bank Leumi Le-Yisrael), а името на валутата било променето во израелска фунта.[8]

Израелска фунта (1952-1980)[уреди | уреди извор]

Израелската фунта (לירה ישראלית , „лира јизраелит“) била официјална валута во Израел од јуни 1952 година до 23 февруари 1980 година, кога била заменета со шекел. Од 1955 година, по основањето на Банката на Израел таа банка била задолжена за издавање банкноти, на кои се користело само хебрејското име, заедно со симболот „I£“.[9] Од 1 јануари 1954 г., израелската фунта повеќе не била врзана за британската фунта, а во 1960 година, подединицата на израелската фунта била променета од 1000 прути на 100 агори.

Во текот на 1960-тите бил донесен закон со кој му се наложува на министерот за финансии да го смени името на валутата во хебрејското име, шекел (שקל). Законот стапил на сила дури во февруари 1980 година, кога израелската влада одлучи да го промени монетарниот систем и да го воведе шекелот по курс од 1 шекел = 10 фунти.

Шекел (1980–1985)[уреди | уреди извор]

Шекелот, денес познат како стар шекел, бил валута во Израел од 24 февруари 1980 до 31 декември 1985 година. Оваа валута како и израелската фунта, честопати девалвирале во однос на странските валути. Нестабилноста кулминирала на почетокот од 1980-тите кога стариот шекел доживеал хиперинфлација. Со Планот за економска стабилизација од 1985 година инфлацијата била зауздана, а бил воведен и новиот шекел, кој го заменил стариот шекел на 1 јануари 1986 година по стапка од 1000 IS за ₪1.

Нов шекел (1985-денес)[уреди | уреди извор]

По економската криза во 1980-тите и воведувањето на новиот шекел во 1985 година, Банката на Израел и владата на Израел применувале внимателна и конзервативна фискална и монетарна политика. Исто така, со потпишувањето на договори за слободна трговија израелската економија станала поконкурентна, а инвестициите во индустријата и науката ѝ овозможиле на земјата да ги искористи можностите поврзани со порастот на глобалната економија на знаење, со што значително се зголемил извозот и се отвориле нови пазари за израелските производи и услуги. Како резултат на овие фактори, инфлацијата била релативно ниска, а земјата има позитивен биланс на плаќања т.е. суфицит на тековната сметка кој изнесува околу 3% од БДП на Израел во 2010 година. Поради ова, вредноста на валутата зајакнала, и во периодот од 2001 до 2011 апрецијацијата изнесувала приближно 20% во однос на вредноста на американскиот долар.

Од 1 јануари 2003 година, новиот шекел е конвертибилна валута. Од 7 мај 2006 година на берзата во Чикаго започнало тргувањето со деривати на новиот израелски шекел. Со ова новиот шекел е една од дваесетината валути за кои има валутни фјучерси на девизниот пазар. Исто така, оваа валута може да се тргува од потрошувачите во многу делови од светот.[10][11]

Монети[уреди | уреди извор]

Во 1985 година, биле воведени монети во апоени од 1, 5 и 10 агори, ½ и 1 нов шекел.[12] Во 1990 година била воведена монетата од 5 нови шекели,[13] а во 1995 и монетата од 10 ₪.[14] На 9 декември 2007 била воведена монета од 2 ₪.[15] Монетата од 5 агори престанала да се кова во 2007 година, а била повлечена од оптек на 1 јануари 2008 година.[16]

Нова серија на шекел монети
Слика Вредност Технички параметри Опис Датум на
Дијаметар Дебелина Маса Состав Раб Аверс Опачина Издавање Повлекување
Israel 1 Agora 1985 Obverse & Reverse.jpg 1 агора 17 мм 1.2 мм 2 г Алуминиумска бронза
92% бакар
6% алуминиум
2% никел
Обичен Античка галија, „Израел“ на хебрејски, арапски и англиски Вредност, датум 4 септември 1985 година 1 април 1991 година
Israel 5 Agorot 1985 Edge, Obverse & Reverse.jpg 5 агори 19.5 мм 1.3 мм 3 г Реплика на монета од четвртата година од војната на Евреите против Рим на која е прикажан урмин лист меѓу два цитрона, „Израел“ на хебрејски, арапски и англиски 1 јануари 2008
Israel 10 Agorot 1985 Edge, Obverse & Reverse.jpg 10 агори 22 мм 1.5 мм 4 г Реплика на монета издадена од Антигон II Мататија со седмокрак свеќник, државниот грб на Израел, „Израел“ на хебрејски, арапски и англиски јазик Тековна
Israel Half New Sheqel 1985 Edge, Obverse & Reverse.jpg ₪0.5 26 мм 1.6 мм 6,5 г Лира Вредност, датум, „Израел“ на хебрејски, арапски и англиски јазик
Israel 1 New Sheqel 1985 Edge, Obverse & Reverse.jpg ₪1 18 мм 1.8 мм 3,5 г Купроникел
75% Бакар
25% Никел (1985-1993)
Никелизиран челик (1994–денес)
Обичен Лилјан, „Јехуд“ на древно хебрејски Вредност, датум, „Израел“ на хебрејски, арапски и англиски јазик 4 септември 1985 Тековна
Israel 2 New Sheqels 2010 Edge, Obverse & Reverse.jpg ₪2 21.6 мм 2.3 мм 5,7 г Челик обложен со никел Сегментиран (обичен и со засеци) Две корнукопии 9 декември 2007 година
Israel 5 New Sheqels 2012 Edge, Obverse & Reverse.jpg ₪5 24 мм 2.4 мм 8,2 г Купроникел
75% Бакар
25% Никел
12 страни Горен дел од столб 2 јануари 1990
Israel 10 New Sheqels 2011 Edge, Obverse & Reverse.jpg Предлошка:Coin-silver-color | ₪10 23 мм
Центар: 16 мм
2.2 мм 7 г Прстен: челик обложен со никел

Центар: бронза обложена со ауреат
Засеци Палмово дрво со седум листови и две корпи со урми, зборовите „за искупување на Сион“ на древна и современа хебрејска азбука 7 февруари 1995

Банкноти[уреди | уреди извор]

На 4 септември 1985 година биле воведени банкноти во апоени од ₪5, 10 ₪ и 50 ₪. На 8 мај 1986 била воведена банкнота од ₪1, а на 19 август 1986 година банкнота од ₪100. Конечно, на 2 април 1988 година, била пуштена во оптек банкнота од ₪20 и на 16 февруари 1992 банкнотата од ₪200. [17] Банкнотите од ₪1, ₪5 и ₪10 го користеле истиот дизајн како и претходните банкноти од IS 1000, 5000 и 10 000 банкноти, но со изменета деноминација.

Банкнотите од ₪1, ₪5 и ₪10 подоцна биле заменети со монети. На многу од овие монети, при нивното прво ковање, биле изгравирани слики на личностите од соодветните банкноти.

Слика Вредност Димензии Боја Аверс Опачина Датум на издавање Датум на повлекување
Israel 1 Sheqel 1986 Obverse & Reverse.jpg 1 ₪ 76x138 мм зелена Мајмонид Тиберија каде е погребан Мајмонид; древна камена светилка 8 мај 1986 година 1995 година
Israel 5 New Sheqalim 1987 Obverse & Reverse.jpg 5 ₪ сина Леви Ешкол Цевковод, кој го симболизира Националниот водовод, полиња и пустина во позадина 4 септември 1985 година 1995 година
Israel 10 New Sekel 1985 Obverse & Reverse.jpg 10 ₪ портокалова Голда Меир Слика на Голда Меир во толпа, пред Московската хорска синагога, кога пристигнала во Москва како амбасадор на Израел во 1948 4 септември 1985 1995 година
Israel 20 New Sheqalim 1993 Obverse & Reverse.jpg 20 ₪ темно сива Моше Шарет Првобитната зграда на гимназијата Херцлија, Мал Тел Авив во позадина 2 април 1988 1 јули 2000
Israel 50 New Sheqalim 1992 front & back.jpg 50 ₪ виолетова Шмуел Јосеф Агнон Поглед на Ерусалим, источноевропски држави, поставки на приказните од Агнон. 4 септември 1985 1 јули 2000
Israel 100 New Sheqalim 1995 front & back.jpg 100 ₪ кафеава Јицак Бен-Зви Синагогата Пекиин со рогач и пештера; древна камена светилка 19 август 1986 година 1 јули 2000 година
Israel 200 New Sheqalim1994 Obverse & Reverse.jpg 200 ₪ црвено Залман Шазар Девојка пишува на биро како симбол на Законот за задолжително образование што го иницирал Шазар, во позадина се хебрејски букви 16 февруари 1992 1 јули 2000

Серија Б (1999–2017)[уреди | уреди извор]

Втората серија банкноти била пуштена во оптек во 1999 година, и целосно ја замениле првата серија во 2005 година. Намерата за издавање на банкнота од ₪500, со портретот од Јицак Рабин, била објавена веднаш по атентатот на Рабин во 1995 година. Но, поради ниските стапки на инфлација, немало потреба од ваква банкнота и не била издадена.[18]

Втора серија на новиот шекел
Слика Вредност Димензии Боја Аверс Обратно Датум на издавање
Israel-20-New-Sheqalim-1998-revers.jpgIsrael-20-New-Sheqalim-1998-avers.jpg ₪20 71x138 мм Зелена Моше Шарет Еврејски доброволци во Втората светска војна; караула, во знак на сеќавање на населбите од ѕид и кула 3 јануари 1999
20 NIS Bill (polypropylene) Obverse & Reverse.jpg ₪20 Зелена Моше Шарет Еврејски доброволци во Втората светска војна; караула, во знак на сеќавање на населбите од ѕид и кула. На хебрејски со црвено мастило на банкнотата е донапишано „60 години од државата Израел“. Биле испечатени во 1.8 милиони примероци околу таа годишнина и текстот го нема на повеќето банкноти. 13 април 2008 година
50 NIS Bill Obverse & Reverse.jpg ₪50 Виолетова Шмуел Јозеф Агнон Тетратката, пенкалото и очилата од Агнон, Ерусалим и Рид на храмовите 31 октомври 1999
100 NIS Bill Obverse & Reverse.jpg ₪100 Кафеава Јицак Бен-Зви Синагога Пекиин 3 јануари 1999 година
200 NIS Bill Obverse & Reverse.jpg ₪200 Црвена Залман Шазар Улица во Сафед и текст од есејот на Шазар за Сафед 31 октомври 1999
500 NIS Bill Obverse.png
₪500 Сино Јицак Рабин Дел од говорот што го одржал покојниот премиер непосредно пред неговиот атентат [19] Не била пуштена во оптек

Серија Ц (2014–сега)[уреди | уреди извор]

Трета серија од Новиот Шекел
Слика Вредност Димензии Боја Опис Датум на издавање
Аверс Опачина
20 New Sheqalim2017 Obverse & Reverse.png ₪20 129 × 71 мм Црвена Рејчел Блувштајн; со поемата Кинерет; палмови гранкиво позадина Поглед на брегот на Галилејското Море; извадок од поемата Можеби не беше ништо... 23 ноември 2017
50 New Sheqalim2014 Obverse & Reverse.png ₪50 136 × 71 мм Зелена Шаул Черничовски; поемата О, земјо моја, татковино моја; цитрусно дрво со плодови во позадина Носечки коринтски столб; извадок од поемата Верувам 16 септември 2014 година
100 New Sheqalim2017 Obverse & Reverse.png ₪100 143 × 71 мм Портокалова Леа Голдберг; поемата Во земјата на мојата љубов цвета бадемово дрво; Бадемово дрво цвета во позадина Група газели; извадок од поемата Бели денови 23 ноември 2017 година
200 New Sheqalim2015 Obverse & Reverse.png ₪200 150 × 71 мм Сина Нејтан Алтерман; поемата Вечна средба; во позадина паѓаат лисја Растенија на месечева светлина; извадок од поемата Утринска песна 23 декември 2015

Девизен курс[уреди | уреди извор]

Цената за едно евро во ILS (од 2011).
ILS по валута, просечен во текот на годината
Валута ISO 4217 Единица 1986 1991 1996 2001 2006 2011 2016
Американски долар USD 1 1.36 2.59 3.36 4.22 4.47 3.46 3,77
Советска рубља SUR 1 1 1,80 4.61
Руска рубља RUB 1 0,62 0,14 0,16 0,12 0,05
Јапонски јен JPY 100 0,81 1,87 3.16 3.42 4.00 4.27 3.44
Британска фунта GBP 1 2.07 4.47 5.16 6.10 8.36 5.53 5.15
Германска марка DEM 2 1 0,61 1.50 2.22 1.86 2.89 2.51 2.17
Француски франк FRF 3 1 0,19 0,44 0,65 0,55 0,86 0,75 0,65
Евро EUR 1 3.63 5,65 4.91 4.25
Швајцарски франк CHF 1 0,73 1,78 2.68 2.37 3,67 4.14 3,89
Јордански динар JOD 1 4.25 3.34 4.50 5,89 6.44 4.81 5.32
Eгипетска фунта EGP 1 2.12 0,72 0,94 1.07 0,77 0,57 0,42
Кинески јуан CNY 1 0,39 0,47 0,39 0,50 0,55 0,55 0,58
1 SUR престана да постои во 1993 година и беше заменет со Руска рубља.
2 DEM престана да постои во 1999 година и беше заменета со Евро.
3 FRF престана да постои во 1999 година и беше заменет со Евро.
Тековен девизен курс на ILS
Од Google Финансии: MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD USD EUR JPY
Од Yahoo! Финансии: MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD USD EUR JPY
Од XE.com: MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD USD EUR JPY
Од OANDA.com: MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD USD EUR JPY

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Според член 4 од Парискиот протокол од 1994 протоколот им овозможува на палестинските власти да усвојат дополнителни валути. Во Западниот Брег се употребува јорднскиот динар а во Појасот Газа често се употребува Египетска фунта.
  2. www.20min.ch, www 20minuten ch, 20 Minuten, 20 Min (27 April 2011). „Israel lässt in Zürich Geld drucken“. 20 Minuten.
  3. „S. Korea Makes Money by Making Money“. Voice of America News. 2012-07-17. Посетено на 2020-03-13.
  4. Genesis 23:25.
  5. „Search Entry“.
  6. „Jastrow, תִּקְלָא“.
  7. One Palestine Pound, IL: Bank of Israel, Архивирано од изворникот на 27 April 2006
  8. One Israeli Pound, IL: Bank of Israel, Архивирано од изворникот на 27 September 2007
  9. First Series of the Pound, IL: Bank Le-Israel, Архивирано од изворникот на 27 September 2007
  10. „Israelis can soon travel the world with shekels in their pockets“. haaretz.com. Haaretz. Посетено на 15 March 2018.
  11. „shekel begins trading on global markets“. jpost.com. Jerusalem Post. Архивирано од изворникот на 13 August 2011. Посетено на 15 March 2018.
  12. „About the Agora and New Shekel Series“. Banknotes and Coins Catalog. Bank of Israel. Посетено на 26 December 2007.
  13. „5 NEW SHEQALIM“. Banknotes and Coins Catalog. The Bank of Israel. Посетено на 26 December 2007.
  14. „10 NEW SHEQALIM“. Banknotes and Coins Catalog. The Bank of Israel. Посетено на 26 December 2007.
  15. The Bank of Israel. "The new NIS 2 coin". Соопштение за печат.
  16. „Cancellation of the 5 agora coin“ (хебрејски). The Bank of Israel. 1 January 2008. Посетено на 4 September 2016.
  17. Linzmayer, Owen (2012). „Israel“. The Banknote Book. San Francisco, CA: www.BanknoteNews.com.
  18. „The 500 NIS banknote that was never released (Obverse)“.
  19. שטר בסימן שאלה, Bulletin of the Numismatics Association in Israel, October 2005

Надворешни врски[уреди | уреди извор]