Тековна сметка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Тековна сметка е дел од билансот на меѓународните плаќања. Таа ги прикажува тековните трансакции со странство во текот на определен временски период.

Опис[уреди | уреди извор]

Тековната сметка ги претставува тековните трансакции помеѓу резиденти и нерезиденти чија цел не е трансфер на капитал. На пример, доколку еден Французин увезе американски фармерки, трансакцијата влегува во сметките за платниот биланс на САД како кредит на тековнaта сметка.[1] Тековната сметка се состои од четири дела:

  1. Стоки: увоз и извоз
  2. Услуги: Туризам, транспорт и останати услуги (телекомуникациони, инвестициони работи, деловни услуги)
  3. Доход: Надомест за вработени, доход од инвестиции (исплати на дивиденди, камати)
  4. Тековни трансфери: официјални и приватни.

Важноста на тековната сметка може да се воочи од нејзината декомпозиција претставена во следниов облик:

CA = Y – (C + I + G) = Y – A,

каде што A = C + I + G и се нарекува апсорпција или вкупна домашна потрошувачка на стоки и услуги.

Тековната сметка сигнализира дали една земја е нето-должник или нето-кредитор. Кога една земја заработува повеќе отколку што троши (CA = Y – A > 0), таа е нето-кредитор во однос на остатокот од светот. Обратно, земјата која има дефицит на тековната сметка троши повеќе отколку што заработува (CA < 0 и A > Y), и таа разлика мора да ја покрие со задолжување во странство.[2]

Салдото на тековната сметка по одделни региони (во мрд. долари)[3]
Регион 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009
Развиени земји -220,1 -213,8 -394,0 -454,5 -389,6 -465,0 -371,3
САД -523,4 -625,0 -729,0 -788,1 -731,2 -673,3 -393,2
Евро-зона 43,0 117,0 40,9 31,5 20,4 -95,5 -133,8
Јапонија 136,2 172,1 165,7 170,4 211,0 157,1 76,4
Други земји 124,1 122,2 128,3 131,6 110,2 146,7 79,3
Земји во развој 151,3 226,1 447,8 630,6 633,4 714,4 262,4
Африка -4,5 2,8 15,9 34,0 10,7 12,2 -72,7
Централна и Источна Европа -29,0 -48,6 -54,7 -82,5 -122,1 -142,2 -59,4
Заедница на независни држави 35,7 63,5 87,5 96,2 70,9 108,7 0,6
Азија 82,4 89,3 162,3 282,4 406,5 422,4 481,3
Среден Исток 57,5 97,1 201,3 252,9 254,1 341,6 -10,2
Западна полутопка 9,3 22,1 35,5 47,7 13,4 -28,2 -77,3

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кругман Р. Пол, Обстфелд Морис, Меѓународна економија – Теорија и политика, Табернакул, Скопје, 2009, стр. 315.
  2. Бурда Мајкл, Виплош Чарлс, Макроекономија-Европски текст, Академски печат, Скопје, 2009, стр. 37.
  3. IMF, World Economic Outlook, April 2009, p. 206.