Магнус Волф Ајкрем

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Магнус Волф Ајкрем
Magnus Wolff Eikrem (Molde FK) - Norway national under-21 football team (01).jpg
Лични податоци
Роден на 8 август 1990 (1990-08-08) (29 г.)
Роден во Молде, Норвешка
Држава Норвешка Норвешка
Висина &100000000000001730000001,73 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Сиетл Саундерс Сиетл Саундерс
Број 22
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009-2011 Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 0 (0)
2011-2013 Молде Молде 68 (6)
2013-2014 Херенвен Херенвен 13 (2)
2014 Кардиф Сити Кардиф Сити 9 (0)
2015-2017 Малме Малме 66 (12)
2018- Сиетл Саундерс Сиетл Саундерс 15 (1)
Репрезентација
2012- Норвешка Норвешка 17 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Магнус Волф Ајкрем (роден на 8 август 1990 година) е норвешки фудбалер, играч од средниот ред на Сиетл Саундерс и на норвешката репрезентација.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Офанзивен играч од средниот ред, кој може да игра насекаде во средината на теренот.

Кариера[уреди | уреди извор]

Рани години[уреди | уреди извор]

Роден во Молде во норвешкиот округ Мере ог Румсдал, Ајкрем ја започнал својата фудбалска кариера како 13-годишник во својот локален клуб, ФК Молде. Тој бил доведен во тимот откако присуствувал на едно од фудбалските училишта во Норвешка на легендата на норвешкиот фудбал Оле Гунар Солшер и покрај тоа што училиштата биле наменети за младите на возраст од 14-16 години. Сепак, тој ги импресионирал тренерите толку многу што му било дозволено да присуствува, за потоа на неговиот 16-ти роденден да потпипше за Манчестер Јунајтед.

Манчестер Јунајтед[уреди | уреди извор]

Ајкрем во резервите на Манчестер Јунајтед.

Ајкрем бил редовен стартер за Јунајтед во под-18 тимот во сезоната 2006-07 и му помогнал да стигне до финалето на FA Youth Cup, каде што биле поразени од Ливерпул со 4-3 на пенали откако по двата натпревари вкупниот резултат бил 2-2. Ајкрем бил еден од двајцата играчи на Јунајтед кој промашил пенал во серијата, додека другиот бил капитенот Сем Хјусон.

Ајкрем, исто така, бил капитен на младинскиот тим на Манчестер Јунајтед кој стигнал до финалето на Милк купот во 2007 година, каде загубиле со гол во надополнетото време од бразилскиот тим Флуминенсе. Неколку дена подоцна, тој го одиграл неговиот прв натпревар за првиот тим на Манчестер Јунајтед, влегувајќи како замена за Рајан Гигс во победата со 4-0 над Данфермлајн Атлетик во пред-сезонски пријателски натпревар.

Тој продолжил како редовен член на под-18 тимот во текот и на следната сезона, 2007-08, пред да стане член на резервниот тим во сезоната 2008-09. Во текот на сезоната, тој му помогнал на Јунајтед да го освои второто место во Премиер резервната лига, како и двојната куп круна со победи над Болтон во Манчестер и Ланкашир Сениор куповите.

Откако играл за резервниот тим, во првите четири натпревари од сезоната 2009-10 и постигнал гол во победата од 2-1 над Виган Атлетик, Ајкрем бил награден со повик во првиот тим добивајќи го дресот со бр. 42 за натпреварот против Вулверхемптон од третиот круг на Лига купот.

Истата сезона, Ајкрем бил повикан за натпреварот на Јунајтед од групната фаза во Лигата на шампионите против Волфсбург. Со оглед на тоа што тимот веќе бил пласиран во следната фаза менаџерот Сер Алекс Фергусон решил да одмори некој од својте најдобри фудбалери и покрај Ајкрем од младинскиот тим ги повикал уште и Џо Дјуџон, Мати Џејмс, Камерон Стјуарт.

Молде[уреди | уреди извор]

Во јануари 2011 година, тој направил трансфер назад во норвешки тим Молде, враќајќи се така одново на соработка со неговиот некогашен менаџер од резервниот тим на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солшер. Во својата прва сезона, Ајкрем одиграл 27 натпревари и постигнал 4 гола со кој му помогнал на тимот кој да ја освои Норвешката Премиер лига за прв пат во нивната историја.

Следната сезона тој одиграл 28 натпревари за Молде, кој го одбранил насловот од претходната сезона.

Херенвен[уреди | уреди извор]

На 24 јуни 2013, Ајкрем потпишал четиригодишен договор со холандскиот Херенвен.[1] Своето деби во Ередивиси го направил во победата со 4–2 на домашен терен над Аз Алкмар.[2] Својот прв гол за Херенвен го постигнал на 23 август 2013, против Ајакс.[3]

Кардиф[уреди | уреди извор]

Ајкрем на своето деби за Кардиф Сити

На 8 јануари 2014, велшкиот клуб Кардиф Сити објавил дека потпишале договор со Ајкрем за необјавена сума и времетраење.[4][5] Во клубот од Премиер лигата тој повторно соработувал со Оле Гунар Солшер, во трет различен клуб по Молде и претходно во резервниот тим на Манчестер Јунајтед. Тој го направил своето деби три дена подоцна, влегувајќи како замена од клупата за резерви на местото на Гари Медел во 66-тата минута во поразот на домашен терен од Вест Хем Јунајтед. Сезоната 2013-2014 ја завршил со 6 настапи во лигата и 2 во ФА купот, не успевајќи да му помогне на Кардиф да избегне испаѓање во Чемпионшип по само една сезона во највисокото ниво во англискиот фудбал.

По слабиот старт на сезоната 2014-2015, Солшер бил отпуштен, а неговиот заменик, Расел Слајд, веднаш го ставил Ајкрем на трансфер листата.[6] На 19 декември 2014 година, Ајкрем го раскинал договорот со взаемна согласност откако не играл под водство на Слајд, забележувајќи само 3 настапи во текот на целата полусезона.[7]

Малме[уреди | уреди извор]

На 26 јануари 2015, Ајкрем потпишал тригодишен договор со шведскиот шампион Малме.[8] На 22 февруари 2015, Ајкрем постигнал гол и забележал две асистенции во својот прв официјален натпревар за клубот, победата во купот над Асириска со 3–0.[9]

Сиетл Саундерс[уреди | уреди извор]

На 30 јануари 2018, Ајкрем потпишал за Сиетл Саундерс.[10] Дебитирал за Саундерс на 2 март 2018, во победата со 4-0 на домашен терен над салвадорската екипа Санта Текла во КОНКАКАФ Лигата на шампионите. Два дена подоцна дебитирал во МЛС лигата во поразот со 0-1 од ФК Лос Анџелес. Својот прв погодок за Сиетл го постигнал на 10 јуни 2018, во победата на домашен терен со 2-1 над Ди Си Јунајтед.

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 14 јули 2018.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Суперкуп Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2009-2010 Англија Манчестер Јунајтед ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 0 0 ЛШ 0 0 КШ 0 0 0 0
авг.-дек. 2010 ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 0 0 ЛШ 0 0 КШ 0 0 0 0
Вкупно Манчестер Јунајтед 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0
2011 Норвешка Молде ТЛ 28 4 КН 3 1 - - - - - - 31 5
2012 ТЛ 27 0 КН 4 1 ЛШ+ЛЕ 4+6[11] 1+1 СН 1 0 39 3
јан.-јун. 2013 ТЛ 13 2 КН 1 1 ЛШ - - - - - 14 3
Вкупно Молде 68 6 8 3 10 2 1 0 87 11
2013-јан. 2014 Холандија Херенвен ЕД 13 2 КНВБ 4 0 - - - - - - 16 2
јан.-јун. 2014 Велс Кардиф Сити ПЛ 6 0 ФАКуп+ЛК 2+0 0 - - - - - - 8 0
авг.-дек. 2014 ЧЕМ 3 0 ФАКуп+ЛК 0+2 0 - - - - - - 5 0
Вкупно Кардиф Сити 9 0 4 0 - - - - 13 0
2015 Шведска Малме А 28 7 КШ 9 4 ЛШ 7 0 - - - 44 11
2016 А 23 4 КШ 1 0 - - - - - - 24 4
2017 А 15 1 КШ 0 0 ЛШ 2 0 - - - 17 1
2018 САД Сиетл Саундерс МЛС 15 1 УСО 0 0 КЛШ 2 1 - - - 17 2
Вкупно 171 21 26 7 21 3 1 0 218 31

Титули[уреди | уреди извор]

Норвешка Молде[уреди | уреди извор]

Шведска Малме[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Leeuwen, Gerrit van. „Transfer News: Heerenveen sign Magnus Wolff Eikrem and Yanic Wildschut“, Sky Sports, 24 јуни 2013 (посет. 30 септември 2013 г).
  2. Sylvarnes, Truls Grane. „Wolff Eikrem vant den norske midtbaneduellen“, TV 2, 3 август 2013 (посет. 8 септември 2013 г). (на Norwegian)
  3. Hugsted, Christian M.. „Wolff Eikrem scoret sitt første mål i Nederland“, Dagbladet, 23 август 2013 (посет. 8 септември 2013 г). (на Norwegian)
  4. City sign Magnus Wolff Eikrem“, „cardiffcityfc.co.uk“, Cardiff City FC, 8 јануари 2014 (посет. 8 јануари 2014 г).
  5. Cardiff City sign Norwegian midfielder Magnus Wolff Eikrem“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 8 јануари 2014 (посет. 8 јануари 2014 г).
  6. Bruno Ecuele Manga and Ravel Morrison are Cardiff injury doubts“, „BBC Sport“, 7 ноември 2014 (посет. 1 ноември 2015 г).
  7. Cardiff City: Magnus Wolff Eikrem leaves the Bluebirds“, „BBC Sport“, 19 декември 2014 (посет. 1 ноември 2015 г).
  8. „Välkommen till MFF, Magnus Wolff Eikrem“. mff.se (Swedish). Malmö FF. 26 January 2015. Архивирано од изворникот на 28 January 2015. конс. 26 January 2015. 
  9. „Malmö FF 3–0 Assyriska FF“. svenskfotboll.se (Swedish). The Swedish Football Association. 22 February 2015. конс. 23 February 2015. 
  10. https://www.soundersfc.com/post/2018/01/30/sounders-fc-signs-norwegian-midfielder-magnus-wolff-eikrem
  11. Сите настапи во Лигата на шампионите и два во Лига Европа, со два гола, биле во преелиминарните рунди.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]