Лозанг Ѓацо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Неговата светост Лозанг Ѓацо,
Петтиот далај-лама

'
Период1617 -1682
ПодрачјеЛозанг Ѓацо
ШколаГелуг

Нгаванг Лобзанг Ѓацо или Лозанг Ѓацо (1617-1682) — петтиот далај-лама. Бил првиот со политичка моќ во централен Тибет, а е наречен и Величествениот петти далај-лама.

Семејството и животот во детството[уреди | уреди извор]

Лозанг Ѓацо е роден во познатото семејство Захор чиешто седиште во XIV век била тврдината Тагце којашто била упориште на тибетските кралеви.Неговиот татко Дудул Рабтен бил уапсен во 1618 бидејќи за него сметале дека е вмешан во планот против кралот од Цанг,речиси во исто втреме кога учењето Гелуг го избрало неговиот син за реинкарнација на Јентон Ѓацо.Дудул Рабтен избегал со цел да стигне до источен Тибет,меѓутоа бил фатен и никогаш не се видел со својот син до неговата смрт во 1626 година во Самдрупце,тврдината на кралот од Цанг во Сигатсе.На семејството на Лозанг Ѓацо им било наредено да живеат во тврдината Самдрупце,но неговата мајка се плашела од кралот и се вратила заедно со својот син во семејниот дом во тврдината Наркатсе во Јардонг.

Образование[уреди | уреди извор]

Лозанг Ѓацо го совладал целиот образовен процес во манастирите со учењето Гелуг и бил подготвен да стане свет учител.Тој истотака учел и од тантричките доктрини на учењето Њингма.а некои велат дека тој го започнал учењето Њингма,а исто така тој станал познат како голем практикант од Ѕогчен.Во неговиот таен храм Луканг на езерото позади Потала во Ласа еден ѕид е со слики од Лонгченпа на Ѕогченовата тантра Ригпа Рангшар,како што вели тој неговот сопствено практично искуство.

Политички активности[уреди | уреди извор]

Петтиот далај-лама, Лозанг Ѓацо предводен од училиштата кои го проповедале учењето Гелуг ги победиле ривалите од училиштата коишто го ширеле учењето Кагју,а тој го победил и секуларниот принц од Цанг.

Регентот Сонам Раптен за време на младоста на Лозанг Ѓацо бил помогнат од силниот монголски војсководец Гуши Кан.

Гуши Кан го освоил Кам во 1640 година при што завладеал со учителите на учењето Саќа и лордовите од Кам и Амдо.Неговата победа над принцот од Цанг ја потврдило унификацијата на земјата и поместувајќи го доминантното ривалско училиште на водачите Кармапа.Тогаш тој го прогласил Лозанг Ѓацо за петтиот далај-лама а воедно и владетел на цел Тибет.

Монголската армија во Тибет лојална на учењето Гелуг во 1648 година заменил неколку монаси од учењето Кагју во учењето Гелуг.Во 1674 година Лозанг се сретнал со десеттиот Кармапа Чојинг Дорје(1600-1674) во Потала и тие се помириле по неколкуте конфликти и разидувања.

Петтиот далај-лама го проширил учењето Гелуг во повеќе манастири.Тој за главен град на Тибет го назначил градот Ласа,составил влада и избрал министри,а донел и неколку поважни закони.

Тој исто така имал и добри односи со кинескиот цар Шунци од династијата Кинг.Тој по неколку покани од кинескиот цар го посетил Пекинг во 1652 година.Со кинескиот цар тој се сретнал во јануари 1653 година,а во Пекинг останал 2 месеца.Некои историчари тврдат дека кинескиот цар владетелот далај-лама го сметал за еднаков на себе.

Гуши Кан ги одржувал пријателските односи со Лозанг Ѓацо,но умрел во 1655.Неговите следбеници имале помалку интерес од власта,иако биле разочарани од регентот сè додека да стигнат со своите интереси до Ласа.Гуши Кан имал 10сина коишто го наследиле.Осум од нив останале во стратешки важниот регион Коко Нур во Амдо каде што меѓусебно се бореле за превласт.Во 1656 и во 1659 година Лозанг Ѓацо таквите нереди успеал да ги смири испраќакќи луѓе на таа територија.Монголите во тоа време биле тибетизирани и играле многу значајна улога во ширењето на учењето Гелуг во областа Амдо.

Односите со четвртиот панчен-лама[уреди | уреди извор]

Четвртиот панчен-лама Лобзанг Чоќи Ѓацен (1570-1662) бил учител и сојузник на петтиот далај-лама. Лозанг Ѓацо му го препуштил манастирот Тешилхунпо и го прогласил за реинкарнација на Амитаба Буда.

По смртта на четвртиот Панчен лама,Лозанг Ѓацо веднаш започнал да ја бара неговата реинкарнација за наследник.Тоа бил Кедруп Је.

Литературно творештво[уреди | уреди извор]

Лозанг Ѓацо бил учител и бил писател којшто пичувал во слободен стил.Тој понекогаш бил ироничен,но секогаш ги изнесувал своите најдлабоки чувства и независна интерпретација.Тој напишал:„Кога го завршив Усните учења на Манџушри (во 1658),морав да ја напуштам позицијата во учењето Гелуг.Денес (во 1674) по завршувањето на Усните учења на тие што знаат,најверојатно ќе треба да се откажам од позицијата во учењето Њингма.“Тој напичал и историја на Тибет по освојувањата на Гуши Кан во 1643 година.

Изградбата на Потала[уреди | уреди извор]

Петтиот далај-лама,Лозанг Ѓацо ја започнал изградбата на Потала во 1645 година,по еден од неговите духовни советници Кончог Чофел којшто укажувал на тоа дека плацот е идеален за седиште на влада,помеѓу манастирите Дрепунг и Сера и стариот град Ласа. Далај-ламата со владата се преселил во Потранг Карпо(Белата палата) во 1649.Изградбата завршила околу 1694 година,околу 12 години по неговата смрт.Потранг Марпо(Црвената палата) била додадена во периодот од 1690 до 1694.

Смртта и наследникот[уреди | уреди извор]

Смртта на петтиот далај-лама се чувала во тајност се до 1696 година од страна на Деси Сангје Ѓацо,неговиот премиер.Како што велат гласините тој бил разочаран од неговиот син во 1679 година.Меѓутоа неговата смрт била во тајност со цел да се изгради палатата Потала којашто станал престолнина на секој следен далај-лама, започнувајќи од шестиот Цангјанг Ѓацо.


Претходник
Јонтен Ѓацо
Реинкарнација на далај-лама Наследник
Цангјанг Ѓацо