Келзанг Ѓацо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Келзанг Ѓацо
Седмиот далај-лама
На престол1720 - 1757
ПретходникЦангјанг Ѓацо
НаследникЏамфел Ѓацо
ДинастијаДалајлама
Келзанг Ѓацо — седмиот далај-лама

Келзанг Ѓацо или Келсанг Ѓацо, а некаде и Кезанг Ѓацо (1708-1757) — седмиот далај-лама. Роден е во Литанг во источен Тибет на денешниот ден на тибетското автономно начелство Гарзе на покраината Сеуан и е познат како реинкарнација од поемата на неговиот претходник, шестиот далај-лама,Цангјанг Ѓацо во којашто тој вели:„По одењето до Литанг,нема да задоцнам да се вратам.“

Поради турбулентната политичка сируација новиот далај-лама, веднаш не бил доведен во Ласа туку најпрвин во манастирот Кумбум кјаде што добил орден од Нгаванг Лобзанг Тенпаи Гјатсен.

Уште како момче Келзанг Ѓацо ја демонстрирал својата мудрост.Келзанг имал способност да биде спонтан.Тој бил инспириран од визијата самбхогакаја на големиот свет учител,монах и поет Је Цонгкапа,па отпатувал во централен Тибет каде што дал сермон пред илјадници луѓе.

„Од сите Ѓалва Ринпоче (владетели далај-лама),ние Тибеќаните веројатно го почитуваме седмиот,Келзанг Ѓацо,најмногу поради неговата побожност,бидејќи тој го посветил целиот свој живот на Трите цврсти единства,пронаоѓајќи прибежиште не само за себе,туку за сите негови луѓе.“

Во 1717 година мпонголското племе Ѕунгари извршило инвазија на Тибет,при што бил убиен претендентот за дала- лама предложен од Ла-бзанг Кан.Тие потоа започнале да ги пљачкаат светите места во Ласа што довело до брз одговор од кинескиот цар Кангкси,меѓутоа неговата војска била уничтена од Ѕунгарите во близина на Ласа.

Многу Њингма учители и Бон приврзаници биле елиминирани,Тибеќаните биле принудени да ги испружат своите јазици надвор што прераснало во навика како гест на заблагодарување.

Втората испратена експедиција на царот Кангкси успеала да ги отстрани Ѕунгарите од Тибет во 1720,а трупите биле поздравени како ослободувачи. Тие го пренеле далај-ламата од манастирот Кумбум во Ласа и тој бил назначен за седмиот далај-лама во 1721 година.

Царот Кангкси(1622-1723) го декларирал Тибет за протекторат во 1727 година,тој вовел двајца амбани и цел гарнизон на кинески трупи во Ласа.Ѕидините на Ласа биле урнати и Кам(со Батанг,Литанг,Тациенлу итн) биле соединети со кинеската провинција Сечван.Кинескиот протекторат којшто постоел до крајот на династијата Ќинг (1912) бил воведен.

Седмиот далај-лама Келзанг Ѓацо седнал на престолот во Потала во 1720.Ѕој ги прифатил сите обичаи од петтиот панчен-лама Лобзанг Јеши,а од него исто така ги прифатил и Гелонг обичаите во 1726.Тој ги одбил учењата на туторот на Лобзаг Јеши, игумен од манастирот Ѓумеј и игуменот од манастирот Шалу,Нгаванг Јонтен со сите будистички филозофски тези и станал стручен за сутра и тантра.Тој бил исто така и поет којшто за разлика од шестиот далај-лама Цангјанг Ѓацо пишувал воден по духовни теми.

Значајниот тибетски аристократ Фо-Иха-нас владеел со Тибет со кинеска поддршка од 1728 до 1747 година.Во 1728 Келзанг Ѓацо бил поканет да го посети Пекинг,но Фо-Иха-нас го преместил од Ласа во Литанг со цел да го намали неговото влијание врз владата.По смртта на Фо-Иха -нас,него го наследил неговиот син којшто бил убиен од амбаните во 1750.Ова предизвикало нереди,па амбаните биле убиени,а кинеската војска навлегла во земјата и воспоставила ред.

Укинувањето на регентите и воведувањето на Кашаг[уреди | уреди извор]

За овој настан постојат 2 приказни.Едната е кинеска,а другата тибетска. Кинеската се состои во тоа што во 1751 година,кинескиот цар Кианлог(1711-1799,на власт од 1737 до 1796) издал наредба со 13 точки со коишто се укинува позицијата на регентот(Деси),пренесувајќи ја владата во рацете на четворица, Кашаг.или совет на министри,а давајќи им на амбаните само формална моќ. Далај-ламата се вратил во Ласа со цел да се одржи над владата.

Според тибетската верзија во 1751 година,на возраст од 43 Келзанг Ѓацо формирал „Кашаг“ или совет на министери за да ја врши работата на тибетската влада и на укинатите работи на регентот(Деси) со што целата моќ била сконцентрирана во рацете на еден човек далај-лама, којшто бил и духовен и политички водач.

Во 1753 Келзанг Ѓацо го основал училиштето Це во Потала и изградил нова палата на Норлинг Калсанг Фодранг кај Норбулинка.По барање на Шабдунг Ринпоч Јигми Дагпа(1742-1761),духовен и привремен владетел на Бутан, седмиот далај-лама помогнал во поставувањето на златниот и бакарен манастирски кров во Бутан.

Претходник
Цангјанг Ѓацо
Реинкарнација на далај-лама Наследник
Џамфел Ѓацо