Прејди на содржината

Гендун Ѓацо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Неговата светост Гендун Ѓацо,
Вториот далај-лама

Период1475 -1541
ПодрачјеГендун Ѓацо
ШколаГелуг

Гендун Ѓацо Палзангпо или само Гендун Ѓацо (1475-1541) бил вториот далај-лама. Тој е прокламиран како реинкарнација на Гендун Друп уште како младо момче.

Легендата вели дека тој кога научил да зборува тој им рекол на неговите родители дека неговото име било Пема Дорје коешто било вистинското име на првиот далај-лама Гендун Друп. Кога имал 4 години Гендун Ѓацо посакал да оди во манастирот Ташилхунпо и таму да живее со останатите монаси.

Тој стигнал до манастирот Тешилхунпо на возраст од 16 или 17 години, меѓутоа поради неколку контроверзи со љубомора тој морал да го напушти манастирот од каде што заминал во Ласа и учел во манастирот Дрепунг.

Кога свештениците ја барале личноста којашто била реинкарнација на претходниот далај-лама тие го нашле него,момче на 17 години. Очевидно тој им одговорил дека ги очекувал.

Тој бил славен учител којшто пишувал и мистична поезија. Гендун Ѓацо патувал насекаде, ширејќи го влијанието на учењето Гелуг и станал аббот на најголемиот манастир на учењето Гелуг, Дрепунг којшто во тоа време бил многу поврзан со далај-ламата. Како што ќе каже Сумпа Кенпо, големиот учител на Гелуг којшто исто така бил и творец на неколку Њингма тантрички доктрини.

Се вели дека Палден Ламо, женскиот заштитнички дух на светото езеро Ламо Ла-цо му ветила на првиот далај-лама Гендун Друп дека таа ќе ја заштити реинкарнацијата на далај-ламата. Гендун Ѓацо е познат и по тоа што тој го формирал системот на монаси коишто оделе на мдитација таму.

Во 1509 година тој отишол во јужен Тибет каде што го формирал манастирот Чокоргјел во близина на Лама Ла-цо, околу 115 km североисточно од Цетанг на надморска височина од 4.500 m, додека езерото е на надморска височина од 5.000 m.

Гендун Ѓацо станал аббот на манастирот Ташилхунпо во 1512 година.

Претходник
Гендун Друп
Реинкарнација на далај-лама Наследник
Сонам Ѓацо