Лунгток Ѓацо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лунгток Ѓацо
Деветиот Далај-лама
Владеење18081815
ПретходникЏамфел Ѓацо
НаследникЦултрим Ѓацо
ДинастијаДалај-лама

Лунгток Ѓацо или Лунгтог Ѓацо, а некаде и Лунток Ѓацо (1806-1815) бил деветтиот далај-лама.

Лунгток Ѓацо е роден во 1805 или 1806 година во близина на манастирот Чоекор во Дан Чокор, мало село во Кам до Тензин Чоекјонг и Дондуп Долма.

Во 1807 година тој бил препознаен како реинкарнација на осмиот далај-лама, Џамфел Ѓацо и бил однесен во Ласа со голема церемонија.Во 1810 тој бил поставен во Потала на Златниот трон на владата Ганден По-дранг. Тој ги примил обичаите од тогашниот панчен-лама и од него го добил името Лунгток Ѓацо.Истата година стариот регент Та-таск Нга-ванг Гон-по бил сменет,а нов регент станал Де-мо Тул-ку Нга-ванг Ло-занг Туб-тен Јиг-ме Гја-тсо (умрел во 1819).

Англискиот истражувач Томас Менинг во 1812 година ја опишал средбата со Лунгток Ѓацо којшто имал седум години,а по неговиот раговор со „детето“ тој заплакал од неверување за тоа што го видел и чул. Менинг пишува дека далај-ламата бил одлично образуван за едно дете, имал прекрасно младо лице и бил добро расположен.

За жал тој останал кратко должен до неговата смрт во 1815 година на возраст од 9 години. „Целата нација нурнала во тага“, којашто завршила 8 години подоцна со препознавањето на новата реинкарнација.


Претходник
Џамфел Ѓацо
Реинкарнација на далај-лама Наследник
Цултрим Ѓацо