Цултрим Ѓацо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Цултрим Ѓацо
Десеттиот далај-лама
ПретходникЛунгток Ѓацо
НаследникКедруп Ѓацо
ДинастијаДалај-лама

Цултрим Ѓацо(1816-септември 1837) — десеттиот далај-лама.

Цултрим Ѓацо потекнува од скромно семејство во Чамдо (источен Тибет).Тој бил препознаен како реинкарнација на Лунгток Ѓацо во 1820 година.До тогаш неговото семејство немало власт, но во 1822 година бил однесен во Потала каде што станал далај-лама.

По смртта на Лунгток Ѓацо во 1815,поминале околу 8 години до назначувањето на новиот далај-лама.Политичките настани биле неизвесни,па Палден Темпаи Њима интервенирал и за првпат употребил златна умка (новиот далај-лама бил избран помеѓу повеќе кандидати) при изборот на новиот далај-лама.

Во 1822 година десеттиот далај-лама бил назначен,а тоа го потврдил и Палден Темпаи Њима којшто му го дал името Цултрим Ѓацо.Тој го извршил полниот орден со обичаите Гелонг за да стане Цултрим Ѓацо во 1831 година.

Во 1826 тој отишол во манастирот Дрепунг каде што станал мајстор на сутра и тантра.Во остатокот од сбвојот живот тој изучувал тибетски будистички текстови. Во 1831 тој извршил реконструкција на Потала,а на возраст од 19 години го земалполниот орден со обичаите Гелонг од трогашниот Панчен лама. Цултрим Ѓацо извршил и промени во економската структура на Тибет,но не живеел доволно долго за да ја види реализацијата на своите планови.

Постојано имал слаб имунитет и починал во 1837 г.

Претходник
Лунгток Ѓацо
Реинкарнација на далај-лама Наследник
Кедруп Ѓацо