Леонардо Улоа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Леонардо Улоа
Leonardo Ulloa.jpg
Лични податоци
Роден на 26 јули 1986 (1986-07-26) (33 г.)
Роден во Хенерал Рока, Аргентина
Држава Аргентина Аргентина
Висина &100000000000001900000001,90 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Пачука Пачука
Број 11
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2002-2004 К.А.И. К.А.И. 7 (1)
2005-2007 Сан Лоренцо Сан Лоренцо 32 (3)
2007 Арсенал Саранди Арсенал Саранди 12 (3)
2008 Олимпо Олимпо 14 (3)
2008-2010 Кастелјон Кастелјон 78 (30)
2019-2013 Алмерија Алмерија 90 (39)
2013-2014 Брајтон Брајтон 50 (23)
2014-2018 Лестер Сити Лестер Сити 86 (18)
2018Брајтон Брајтон 10 (1)
2018- Пачука Пачука 21 (8)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Хосе Леонардо Улоа (роден во Хенерал Рока, 26 јули 1986) е аргентински фудбалер, напаѓач на Пачука.

Кариера[уреди | уреди извор]

Рани години / Кастелjон[уреди | уреди извор]

Роден во Хенерал Рока, Рио Негро, Улоа ја започнал својата кариера во 2002 година, играјќи за екипата од аргентинската Втора дивизија Комисион де Активидадес Инфантилес. Во 2005 тој се преселил во прволигашот Сан Лоренцо, каде што тој бил дел од тимот кој ја освои Клаусура 2007.

Набргу потоа, Улоа му се приклучил на Арсенал де Саранди во кој не останал долго, бидејќи на почетокот на 2008 година се преселил во екипата на Олимпо. Меѓутоа поради несогласувањата со клубот во летото истата година, тој се преселил во Шпанија потпишувајќи за екипата од Сегунда Дивизион Кастелјон, каде повторно ќе соработува со поранешниот соиграч и сонародник од екипата на КАИ Хозе Карлос Табарес. Тој постигнал 16 гола во неговата дебитантска сезона, со што бил најдобар стрелец на својот тим и шести во лигата. Следната сезона Улоа имал слични бројки во своите перформанси - 15 гола на 38 натпревари, но Кастелјон завршил на 22.место последно) во лигата и испаѓа во понизок ранг.

Алмерија[уреди | уреди извор]

Кон крајот на јуни 2010 година Улоа го напуштил Кастелјон, но останал во Шпанија потпишувајќи пет-годишен договор со Алмерија која таа сезона се натпреварувала во Ла Лига.[1] Тој го направил своето деби за андалузијците на 29 август 2010, во ремито без голови против Осасуна влегувајќи како замена во второто полувреме на местото на Корона. Веќе во следниот натпревар игран на 13 септември, Улоа го постигнал својот прв гол во дресот на Алмерија во последните моменти од натпреваротна домашен терен со Реал Сосиедад за да израмни на 2-2, по одличен индивидуален продор. Следниот месец, против истиот противник во Копа дел Реј тој постигнал два гола во последните 20 минути за да му помогне на својот тим да се врати од 0-2 и да победи со 3-2, во Баскија. На 22 декември 2010 година, повторно во натпревар од купот, Улоа постигнал три гола и асистирал за уште еден, кога Алмерија ја совалада Мајорка со 4-3 во првиот натпревар,[2] и поминале понатаму со вкупен резултат 8-6. На 16 јануари 2011 година го постигнал својот пет првенствен гол за да изедначи на 1-1 во ремито на домашен терен против Реал Мадрид, откако ја завршил одличната акција на сонародникот Пабло Пјати.[3] Својата прва сезона во дресот на Алмерија ја завршил со 7 постигнати гола во Ла Лига на 34 натпревари (но само 16 како стартер) и 6 гола во купот. Сепак, Алмерија завршува на последното место со 30 освоени бода и испаѓа во Сегунда и покрај добрите настапи во Копа дел Реј каде стигнале до полуфиналето и биле елиминирани од Барселона со вкупен резултат 8-0.

Улоа останал во Алмерија и покрај испаѓањето на клубот и бил најдобар стрелец во Сегунда Дивизион за сезоната 2011-12 со 28 гола,[4] вклучувајќи го и хет-трикот против Гвадалахара во победата со 4-0.[5] И покрај обемниот придонес на Улоа, Алмерија завршила на 7. место и без шанса да се бори за враќање во Ла Лига.[6]

Последната сезона во клубот за него била најлоша, постигнувајќи само 4 гола на 18 натпревари во Сегунда пред да замине во Англија во јануарскиот преоден рок.

Брајтон и Хоув Албион[уреди | уреди извор]

На 16 јануари 2013 година направил трансфер во англиската Чемпионшип лига, приклучувајќи му се на Брајтон и Хоув Албион на четири и пол годишен договор, за необјавена сума која се верува дека е околу 2м £.[7][8] Тој постигнал гол веќе на своето деби за новиот клуб десет дена подоцна, во поразот на домашен терен со 3-2 од Арсенал во ФА купот.[9]

На 2 март 2013 година, Улоа станал првиот играч кој успеал да постигне хет-трик на Стадионот Амекс, во победата на Брајтон со 4-1 над Хадерсфилд Таун.[10] Две недели подоцна, тој постигнал два гола против Кристал Палас во победата со 3-0, исто така на домашен терен,[11] придонесувајќи за првата победа на Брајтон на домашен терен над овој противник уште од 1988 година; менаџерот Гус Појет го опишал Улоа како "различни класа".[12] Тој продолжил да постигнува голови откако на 30-ти истиот месец, го реализирал својот деветти гол во 12 натпревари во ремито 2-2 со Нотингем Форест.[13]

На 27 април 2013 Улоа го постигнал голот со кој го потврдил местото на Брајтон во плејофот, откако во 88-мата минута го постигнал победничкиот гол за да обезбеди успех со 2-1 над Лидс Јунајтед.[14] Сезоната ја завршил со 9 првенствени гола и еден во ФА купот, но Брајтон не успеал да избори промоција во Премиер лигата.

Следната сезона, Улоа постигнал 14 првенствени гола помагајќи му на Брајтон да заврши на 6. место и да дојде до уште една шанса преку плејофот да избори промоција, но и овојпат тие биле елиминирани во првата рунда со вкупен резултат 6-2 од Дерби Каунти. Постигнал и два гола во ФА купот.

Лестер Сити[уреди | уреди извор]

На 22 јули 2014 година, по неколку неделни шпекулации, Улоа му се приклучи на неодамна промовираниот Премиерлигаш Лестер Сити на четиригодишен договор за клупски рекорд од 8.000.000 £.[15] По комплетирањето на трансферот му бил предаден дресот со број 23., последен пат носен од шпанскиот дефанзивец Игнаси Микел.[16]

Улоа бил стартер на своето деби во Премиер лигата на 16 август дома против Евертон, и постигна гол само по 22 минути во ремито 2-2.[17] Тој постигнал и во својот трет натпревар, против Арсенал на 31 август, повторно на домашен терен и повторно во 22-ата минута во натпревар што завршил 1-1.[18]

Титули[уреди | уреди извор]

Аргентина Сан Лоренцо[уреди | уреди извор]

Аргентина Арсенал де Саранди[уреди | уреди извор]

Англија Лестер Сити[уреди | уреди извор]

Хет-трик[уреди | уреди извор]

Во својата кариера досега Леонардо Улоа на четири натпрвари успеал да постигне хет-трик, односно три или повеќе гола. Еднаш додека настапувал за Кастелјон два пати за Алмерија и еднаш во дресот на Брајтон.

Натпревари во кој постигнал хет-трик[уреди | уреди извор]




Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „El Almería ficha al argentino Ulloa“ [Almería signs Argentine Ulloa] (Spanish). Diario Sur. 22 June 2010. конс. 23 December 2010. 
  2. „Ulloa lidera el manicomio“ [Ulloa in charge of bedlam] (Spanish). Marca. 22 December 2010. конс. 23 December 2010. 
  3. „Real held by lowly Almeria“. ESPN Soccernet. 16 January 2011. конс. 20 February 2011. 
  4. Iago Aspas (Celta) se sitúa a cuatro goles de Ulloa (Almería) (Iago Aspas (Celta) four goals behind Ulloa (Almería)); ABC, 27 May 2012 (шпански)
  5. Almería vs. Guadalajara 4 - 0 soccerway
  6. Segunda División 2011-12 soccerway
  7. „Albion complete Ulloa deal“. Brighton & Hove Albion F.C. 16 January 2013. конс. 16 January 2013. 
  8. „Leonardo Ulloa: Brighton & Hove Albion sign Almeria striker“. BBC Sport. 16 January 2013. конс. 17 April 2014. 
  9. Luton, MK Dons grab Cup glory“, ABC News, 26 јануари 2013 (посет. 26 јануари 2013 г).
  10. Brighton 4–1 Huddersfield“, BBC Sport, 2 март 2013 (посет. 2 март 2013 г).
  11. „Brighton 3–0 Crystal Palace“. BBC Sport. 17 March 2013. конс. 17 March 2013. 
  12. Gus Poyet delighted for Brighton's Leonardo Ulloa after Palace win“, BBC Sport, 17 март 2013 (посет. 17 март 2013 г).
  13. Nott'm Forest 2–2 Brighton“, BBC Sport, 30 март 2013 (посет. 30 март 2013 г).
  14. Leeds United 1–2 Brighton“, BBC Sport, 27 април 2013 (посет. 27 април 2013 г).
  15. Леонардо Улоа во Лестер“, „mreza.mk“, 22 јули 2014 (посет. 22 јули 2014 г).
  16. Leonardo Ulloa joins Leicester City“, Leicester City FC, 22 јули 2014.
  17. Leicester 2-2 Everton“, „BBC Sport“, 16 август 2014 (посет. 16 август 2014 г).
  18. Leicester 1–1 Arsenal“, „BBC Sport“, 31 август 2014 (посет. 31 август 2014 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]