Ларце
Ларце | |
Координати 41°56′4″N 21°7′32″E / 41.93444° СГШ; 21.12556° ИГД | |
Општина | Желино |
Население | 1.850 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 28040, 28540 |
Надм. вис. | 895 м |
Ларце на општинската карта Атарот на Ларце во рамките на општината | |
Ларце на Ризницата |
Ларце — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Долни Полог, оддалечено 18 километри југоисточно од Тетово. Селото лежи на горното течение на реката Суводилица, на северните падини на Сува Гора. Во близина на Ларце се селата Добарце и Чифлик.
Историја
Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало население од 138 муслимани (Албанци).[2] Рускиот публицист Афанасиј Селишчев во 1929 година забележал дека селото било дел од Општина Групчин и имало 90 куќи со 562 жители Албанци.[3]
Население
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.868 жители, од кои 5 Македонци, 1 Турчин, 1.859 Албанци, 1 Бошњак и 2 останати.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.850 жители, од кои 1.804 Албанци и 46 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 138 | — | 809 | 866 | 950 | 1.149 | 1.489 | 0 | 1.735 | 1.868 | 1.850 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 2100 и 2101 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Расино.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.790 гласачи.[11]
Поврзано
Наводи
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
- ↑ Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
- Сателитска снимка на Ларце на Карти на Гугл
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|