Круша (Средно Нерези)
Изглед
„Круша“ | |
| Местоположба | 41°59′37″N 21°22′41″E / 41.99361°N 21.37806°E |
| Основни податоци | |
|---|---|
| Место | Средно Нерези |
| Општина | Карпош |
| Тип |
|
| Период | бронзено време |
| железно време | |
| римско време | |
| Портал „Археологија“ | |
Круша — археолошко наоѓалиште во скопската населба Средно Нерези, Општина Карпош. Сочинето е од населба од бронзеното време и некропола од железното и римското време.
Во подножјето на една височинка, при изведување на градежни работи — пробивање на пат до скривниците, е откриена населба од бронзеното време. На истиот наврат е пронајдена и некропола со гробови од железното и римското време. Во 1994 г. Музејот на Град Скопје извршил интервентни археолошки ископувања при што се откриени јами, гроб - питос со слободно погребување и гробови со етажна конструкција.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Градиште — градиште во Средно Нерези од раноантичко време
- Список на археолошки наоѓалишта во Скопје
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 386. ISBN 9989-649-28-6.
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од бронзено време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од железно време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од римско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола
- Средно Нерези
- Археолошки наоѓалишта во Општина Карпош
- Археолошки наоѓалишта во Скопско
- Археолошки наоѓалишта во Скопје
