Градиште (Средно Нерези)
Градиште — археолошко наоѓалиште во скопската населба Средно Нерези, Општина Карпош. Претставува градиште - опидум од раноантичко време.
Во непосредната близина на јужната периферија на селото, на површина од околу 3 ха, опфатена со бедем, се среќаваат голем број фрагменти од керамички садови. Со ископувањата во 1953, 1956 и 1957 г. е откриен драгоцен археолошки материјал.[1]
Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Круша — населба во Средно Нерези од бронзеното време и некропола од железното и римското време
- Список на археолошки наоѓалишта во Скопје
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 386. ISBN 9989-649-28-6.
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од раноантичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на градиште
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на опидум
- Средно Нерези
- Археолошки наоѓалишта во Општина Карпош
- Археолошки наоѓалишта во Скопско
- Археолошки наоѓалишта во Скопје