Круша (Матка)
Круша — археолошко наоѓалиште во скопското село Матка, Општина Сарај. Претставува осамен објект од доцноантичкото време.
На 1,6 км јужно од селото, на мала височинка оддалечена околу 100 м од месноста Краста се гледаат остатоци од осамен објект. На теренот се гледа и градежен материјал (кршен камен, покривни ќерамиди) и, спорадично, фрагменти од керамички садови.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 378. ISBN 9989-649-28-6.