Пештерка (Рашче)
Изглед
„Пештерка“ | |
| Местоположба | 42°02′26″N 21°14′39″E / 42.04056°N 21.24417°E |
| Основни податоци | |
|---|---|
| Место | Рашче |
| Општина | Сарај |
| Тип |
|
| Период | римско време |
| Портал „Археологија“ | |
Пештерка — археолошко наоѓалиште во скопското село Рашче, Општина Сарај. Претставува населба од римското време.
На 700 м јужно од селото, на околу 2 декара обработлива земја се среќаваат фрагменти од керамички садови, стакло и друго. На локалитетот се наоѓа и една обработена плоча со натписно поле на кое се забележуваат остатоци од латинско писмо.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 382. ISBN 9989-649-28-6.
