Рашче (археолошко наоѓалиште)
Пештерка — археолошко наоѓалиште во скопското село Рашче, Општина Сарај. Претставува осамен наод од доцноантичкото време.
На имотот на М. Крамер, Н. Вулиќ евидентирал една мермерна надгробна стела со релјеф и натписно поле во форма на диптих со латински натпис. Стелата се чува во Музејот на Македонија во Скопје.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 382. ISBN 9989-649-28-6.