Градиште (Дворце)
Градиште — археолошко наоѓалиште во скопското село Дворце, Општина Сарај. Претставува градиште (кастел) од римското и доцноантичкото време.
На 1 км југозападно од селото, на влезот во Дервенската Клисура има висок рид што доминира над околината и чие зарамнето плато, со димензии од 60 × 40 м, е заградено со ѕид граден од камен и варов малтер. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 370. ISBN 9989-649-28-6.
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од римско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од доцноантичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на градиште
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на кастел
- Дворце
- Археолошки наоѓалишта во Општина Сарај
- Археолошки наоѓалишта во Скопско