Долот (Рашче)
Долот — археолошко наоѓалиште во скопското село Рашче, Општина Сарај. Претставува осамен наод од римското време.
Во нивата на Ајрула Ковачи и Абдула Доџа, во непосредната близина на селското училиште е откриен доцноантички гроб конструиран од 5 фрагментирани стели во секундарна употреба. Стелите се со латински натписи и се наоѓаат на местото каде што се пронајдени.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 381. ISBN 9989-649-28-6.