Здружение на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ - Тетово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Здружение на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ - Тетово
Основана1992; пред 32 години (1992)
Видздружение
Целкултурно-уметничка и хуманитарна организација
МестоТетово, Македонија
Мреж. местоКУД Бранко Чајка
КУД „Бранко Чајка“
ЖанровиМакедонска народна музика,
Српска народна музика,
Македонски ора,
Српски ора,
Период на активност1992–денес

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ ― културно-уметничко друштво од Тетово. Здружението постои од 1992 година.

Историја[уреди | уреди извор]

Основачкото собрание на Здружението било одржано на 25 јули 1992. На 25 септември 1992 година било заведено во судскиот регистар во Тетово како Здружение на Срби, Македонци и Црногорци. Од 2006 година Здружението продолжило да работи под името Здружение на Срби и Македонци со цел развој на активности од областа на духовниот и културниот живот, обичаите и меѓусебните односи помеѓу македонскиот и српскиот народ. Фолклорната активност, како составен дел на Здружението, постои од 1993 година. Подоцна, од 2016 година, фолкорната група настапува како Здружение на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка", по името на познатиот спортски работник од градот, Бранко Хаџииљоски – Чајка.

Претседатели на Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ Тетово[уреди | уреди извор]

Во триесет годишното делување со Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ од Тетово на функцијата претседател ја извршуваат:

  1. Вуксан Булатовиќ – 1992–1993
  2. Саша Залески – 1993
  3. Обрад Стојановиќ – 1993–2002
  4. Драган Филиповиќ – 2002–2010
  5. Живомир Бориќ – 2010–2014
  6. Соња Трајковиќ Андонов – 2014–до денес

Според правилникот на Здружението на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка“ за доделување благодарници, признанија и плакети, како и прогласување почесни членови на Здружението, за почесен претседател е прогласен прим. д-р Драган Филиповиќ, а за почесен член Миодраг Николиќ.

Активности[уреди | уреди извор]

Фолклор[уреди | уреди извор]

Фолклорната активност, како составен дел на Здружението, постои од 1993 година. На почетокот работело под името КУД „Фолклор СМЦ“. За Претседател на фолклорната група била поставена Јабланка Веселиновска, професор по физичка култура во тетовската Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, а како кореограф Зоран Ѓорѓевски. Фолклорната група работела во салата на ДТВ „Партизан“ во Тетово. За новоформираната фолклорна група Здружението добило помош во вид на опрема од тогашната Амбасада на Сојузна Република Југославија во Македонија. Подоцна, во 2016 година, фолкорната група настапувала под името Здружение на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка“, по името на познатиот спортски работник од градот, Бранко Хаџииљоски – Чајка. На својот репертоар фолклорната секција подеднакво го негува и српскиот и македонскиот фолклор.

Фолклорната секција имала настапи во градот Тетово, регионот, Македонија, Србија и пошироко. Конкретни посетени градови биле Скопје, Радовиш, Долнени, Грачаница (денешно Косово), Власина, Врање, Требиње, Нови Сад, Ниш, Дољевац, Бујановац, Зрењанин и многу други, како и на бројните мултикултурни фоклорни смотри.

Најголем успех доживеало 2008 година на Меѓународниот фолклорен фестивал „Дукат“ во Бања Лука, БиХ, каде во конкуренција од 14 фолклорни друштва го добило највисокото признание Гран при. Истата година освоило прва награда на фестивалот во Даламан, Турција.

Како награда за освоено прво место на Фолклорниот фестивал во Струмица во 2008 година, Здружението истата година учествувало на Меѓународниот фестивал во Даламан, во Турција каде имало запазен настап.

Редовно настапувале на манифестацијата „Тавче гравче“ во Јабука кај Панчево (Република Србија) од каде повеќе пати се вратило со освоени први места во подготовка на овој специјалитет.

Настапи и гостувања на КУД „Бранко Чајка“[уреди | уреди извор]

  • Фестивал „Чаша вода са извора“, Приштина, 1993 година;
  • Повеќе пати настап на Видовденски свечености во Грачаница;
  • Настап во рамки на манифестацијата „Лесковачка роштиљијада“;
  • Фолклорен фестивал во Сомбор, Србија;
  • Фолклорен фестивал во Свилајнац, Србија;
  • Фолклорен фестивал во Битола, Македонија;
  • Двапати на Фолклорен фестивал на Златибор, Србија;
  • Левачки сабор „Проѓох Левач, проѓох Шумадију“ во Калиниќ, Србија, 1997 година;
  • Учество на концерт по повод 20 години на Младинско КУД „Рад“ во Белград, Србија, 1998 година;
  • Втор меѓународен детски фолклорен фестивал „Свети Кирил и Методиј“ во организација на АНПО „Кочо Рацин“ од Скопје, 1999 година;
  • Собор на трубачи во Гуча, Србија, 1999 година;
  • Гостување преку Црвен Крст Македонија во Крушевац, Србија, 1999 година;
  • Четврта средба на детски ансамбли во организација на КУД „Младост“ од Ниш, Србија, 2000 година;
  • Видовденски денови во Грачаница, 2002 година;
  • Мултикултурен фолклорен фестивал во Струмица, 2005 година;
  • Меѓународен фестивал во Даламан, Турција, 2005 година;
  • Настап во емисијата „Жикина шареница“ на РТС, 2006 година;
  • „Балкански фолклорен фестивал“ во Сава центар во Белград;
  • Фолклорен фестивал „Црвена ружа“ во Грачаница, 2007 година;
  • Етно фестивал „Тавче-гравче“ во с. Јабука кај Панчево, Србија, 2008, 2009, 2011, 2012, 2014 година;
  • Фолклорен фестивал во Гуча, 2008 година;
  • Прв интернационаен фоклорен фестивал „Дукат“, Бања Лука, Република Српска, Босна и Херцеговина, 2008 година;
  • Фолклорен фестивал во Долнени, 2010 и 2012 година;
  • Фестивал „Оро без граници“, Радовиш, 2012 година;
  • „Денови на македонската култура” во Зрењанин, Србија, 2012 година;
  • Фолклорни средби во Херцег Санто, Унгарија;
  • Настап на Скопско лето;
  • Фолклорна манифестација „Лесковачко лето“, Србија, 2012 година;
  • Фолклорна манифестација „Да се корени не забораве“, Глогоњ, Србија, 2012 година;
  • Мулти-културни фоклорни средби во организација на ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје, 2014, 2016, 2017, 2018, 2019, 2020, 2021, 2022 година;
  • „Денови на каранфилот” во Врањска Бања, Србија, 2015 година;
  • Прослава на патронатот на ОУ „Вук Караџиќ“ во Дољевац, Србија, 2016 година;
  • „Ревија на детскиот фолклор” во организација на ЦИОФФ на Македонија, Горно Лисиче, 2017 година;
  • Манифестација “Денови на Европа”, Тетово, 2017 година;
  • 17. Меѓународен фоклорен фестивал „КОЛО Бујановац 2017“, Бујановац, 2017 година;
  • „Тетовско културно лето”,Тетово, 2017 година;
  • Свечен концерт по повод обележувањето на јубилејот 25 години постоење на Здружението на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка“ - Тетово, Центар за култура „Иљо Антевски – Смок“, Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, 2017 година;
  • Учество на Ревија на народни носии во рамки на манифестацијата Мултикултурни фоклорни средби во организација на ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје, 2017 година;
  • Учество на фолклорната група пред влезот на Центарот за култура „Иљо Антевски-Смок“ во Тетово по повод Денот на Европа, 2018 година;
  • Учество на фолклорната група на плоштадот во Тетово на свеченото отворање на манифестцијата „Гимназијада“, 2018 година;
  • Настап на фолклорната група во Фалише по повод празникот Св. Атанасиј летен, 2018 година
  • Учество на Денови на македонската култура во Нови Сад, Србија, 2018 година;
  • Настап на манифестацијата „Брвеница игра и пее“ во Брвеница, 2018, 2019, 2021 година;
  • Настап на фолклорната група на прославата на Видовден во Куманово во организација Уједињена српска заједница, 2018 година;
  • „Фолклорни игри под Шара“ – Проект одобрен на Конкурсот на Министесртвото за култура на Република Македонија, 2018, 2019, 2021 година;
  • Заеднички настап со КУД „Чапљинац“ во Чапљинац, Србија, 2018 година;
  • Завршен концерт на Проектот „Екпериментална-едукативна работилница (фолклорни игри)“, 2019 година;
  • Учество на Денови на традицијата и културата на дијаспората „Роду у походе“ во Ниш, Србија, 2020 година;
  • Учество во емисија „Везилка“ на ТВ АЛФА во Скопје, 2021 година;
  • Учество на претставници на Здружение на Семинарот за традиционална музика и игра во рамки на Републички фестивал на традиционална музика и игра „Илинденски денови“ – Битола, 2021 и 2022 година;
  • Учество на Свечената парада по повод 30 години на независноста на Република Македонија во Скопје, 2021 година;
  • Учество на Меѓународниот фолклорен фестивал „Вечери поред Требишњице“ во Требиње, Република Српска, БиХ, 2022 година;
  • Учество на обележувањето 30 години од формирањето на гарнизонот во касарната „Кузман Јосифоски – Питу“ во Тетово, 2022 година;
  • Свечен концерт по повод обележувањето на јубилејот 30 години постоење на Здружението на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка“ Тетово, НУ Центар за култура „Иљо Антевски – Смок“, 2022 година.

Најзначајни награди и признанија[уреди | уреди извор]

  • Втора награда на Четвртата средба на детски ансамбли во организација на КУД „Младост“ од Ниш, Србија, 2000 година;
  • Прва награда на фестивалот во Струмица, Македонија, 2005 година;
  • Награда „Црвена ружа“ на фестивалот во Грачаница, 2007 година;
  • Гран при на Првиот меѓународен фолклорен фестивал “Дукат” во Бања Лука, Република Српска, Босна и Херцеговина, 2008 година;
  • Прва награда за најуспешен настап на фестивалот „Пеце Атанасовски” во Долнени, Прилепско, Македонија, 2010 година;
  • Плакета на Општина Тетово во знак на благодарност за постигнатите резултати во областа на културата, 2012 година;
  • Благодарница од Здружението на воените потомци на Србија од 1912-1920 година, 2016 година;
  • Признание „Културно-уметничко друштво од национален интерес“ доделено од страна на Министерството за култура на Република Македонија;
  • Повелба за соработка со Здружение на Срби и Унгарци „Весели Сантовчани“, Унгарија;
  • Повелба за соработка со Сурдулички културен центар од Сурдулица, Србија;
  • Повелба за соработка со Домот на култура во Глогоњ, Србија;
  • Повелба за соработка со Здружение на Македонци од Пчињскиот Округ „Гоце Делчев“ од Врање, Србија.

Кореографи низ историјата[уреди | уреди извор]

  1. Зоран Ѓорѓевски
  2. Орце Исаевски
  3. Драгиша Аврамовски
  4. Јовица Тасевски
  5. Жарко Ѓорѓевски
  6. Радомир Спасиќ
  7. Ленче Китановска
  8. Снежана Ефковска

Оркестар низ историјата[уреди | уреди извор]

  • Александар Матовски-тарабука
  • Ацо Пауноски-кларинет
  • Бобан Илиески-кларинет
  • Васе Антевски-хармоника
  • Виктор Маркоски-хармоника
  • Глигор Кондоски-виолина
  • Горан Фимиќ-гитара/контрабас
  • Давид Богдановски-хармоника
  • Давид Мицевски-гитара/сајзер
  • Дарко Радески-хармоника
  • Душко Вукојичиќ-тапан
  • Ѓорѓи Занев
  • Екрем Сулејмани-тапан
  • Ивица Волчески-хармоника
  • Ивона Денковиќ-хармоника
  • Ираклис Георгиадис-хармоника
  • Јане Атанасовски-бас гитара
  • Костадин Димиќ-кларинет
  • Љубиша Велиќ-хармоника
  • Мартин Ѓурчиновски-кларинет
  • Мики Николоски-тапан
  • Милан Велиќ-тапан
  • Мирослав Јовановски-кларинет
  • Мирослав Сарески-хармоника
  • Мирче Стефанов-тапан
  • Моме Спироски-бас гитара
  • Момчило Велиќ-хармоника
  • Ненад Вукојичиќ-хармоника
  • Ненад Мановски-хармоника
  • Ристе Тевдоски-кларинет
  • Сашо Ефтоски-хармоника
  • Стојче Ивановски-гитара/сајзер
  • Трајче Ивановски

Вокални солисти низ историјата[уреди | уреди извор]

  • Александра Спиридис-Јаневска
  • Драгиша Аврамовски
  • Драгољуб Ивковиќ
  • Сара Тасевска
  • Светлана Радовска
  • Снежана Радичевска

Играорци[уреди | уреди извор]

Ана Јогурошеска, Ана Соколовска, Ана Спировска, Ана Марија Панчевска, Агим Идризи, Анастасија Ѓорѓеска, Анастасија Спироска, Ангела Мицковска, Ангела Спироска, Андријана Јованоска, Александар Јаќимовски, Александар Јовановски, Александар Милевски, Александра Дишовска, Александра Ивановска, Александра Којиќ, Александра Спиридис, Билјана Китановска, Благородна Стефаноска, Бојан Јовановски, Бранко Ѓорѓески, Васка Заркоска, Горан Петроски, Гордана Антовска, Даниела Крстиќ, Даниела Ивановска, Димчо Стојковски, Драган Исаевски, Драган Костиќ, Драгиша Аврамовски, Ева Ефкоска, Елена Јовановска, Елизабета Костадиновска, Емилија Здравковска, Емилија Ничевска, Жарко Јовановски, Ивица Мирчевски, Ивона Ристеска, Илинка Димчевска, Ирена Трајкоска, Ивана Милошеска, Јовица Тасески, Кети Лазоска, Крсте Стевчески, Кујтим, Ленче Китановска, Леонора Петровска, Лука Филиповски, Маја Томевска, Марија Дојчиновска, Марко Спасовски, Мартина Закоска, Матеа Јанеска, Мила Анѓелковска, Мила Ефковска, Мила Трајчевска, Миле Ѓорѓески, Милена Величковска, Михаела Стојоска, Нада Дрпа, Наташа Ѓороска, Наташа Смиљаноска, Неда Филиповска, Нена Ацеска, Никола Исаевски, Николина Китановска, Перица Ѓорѓески, Петар Павлески, Петар Спасиќ, Радица Ѓуровска, Сања Панчевска, Сара Тасевска, Сашо Костадиновски, Светислав Јоргушевски, Симона Ѓорѓиевска, Славко Ивановски, Снежана Ѓорѓеска, Снежана Наумовска, Снежана Савиќ, Стефани Тасевска, Тања Антовска, Теодора Билбиловска, Теодора Тасеска, Томислав Аноски, Томислав Ацески, Томислав Јаќимоски, Трпе.

Проекти[уреди | уреди извор]

Проекти на Здружението кои се однесуваат за негување на фолклорот:

  • Учества на Денови на македонска култура во Србија;
  • Фолклорни игри под Шара;
  • Едукативна работилница за фолклор.

Проекти на Здружението кои се однесуваат за негување на српскиот јазик:

  • „Пишемо и стварамо на српском језику“
  • „Школа српског језика, културе и традиције“
  • „Корени прошлости - корени будуќности“
  • Детски претстави
  • Хуманитарни акции
  • Манифестации по разни поводи
  • Одбележување значајни празници и датуми

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]