ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Јавната установа Дом на културата „Кочо Рацин“ во Скопје[1] е создадена во средината на 50-те години на XX век.

Домот има повеќе свои подружници во Ѓорче Петров, Колонија-Идризово и др.

Домот организира културни манифестации од различен вид: промоции на книги, трибини, поседува изложбени простори, проектира филмови[2], организира поетско-книжевни работилници[3] итн. Исто така, секој декември оваа установа ја организира традиционално манифестацијата „Денови“, во чест на раѓањето на македонскиот поет и културно-општествен деец Кочо Рацин.

Секоја година Домот ја доделува наградата „Бели мугри“ за најдобар поетски ракопис за автор до 35-годишна возраст.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. mioadmin. „Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје“. Komspi (en-US). конс. 2019-05-15. 
  2. Ноќ 2014, Бела. „– ДОМ НА КУЛТУРА – „КОЧО РАЦИН““ (en-US). конс. 2019-05-15. 
  3. „Домот на култура „Кочо Рацин“ од Скопје објави конкурс за книжевно-поетска работилница“. МКД.мк (Macedonian). конс. 2019-05-15.