Прејди на содржината

Зграда на Министерството за култура (Скопје)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зграда на ул. „Орце Николов“ бр. 115
Зградата во 2023 година
Карта
Општи податоци
СтатусСпоменик на културата (1998 и 04.02.2016)
Адресаул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61
ГрадДебар Маало, Скопје
Земја Македонија
Завршена1927
СопственикМинистерство за култура (2005-)
Технички податоци
Катови3 + полуподрум
Подна површина2000 м2[1]

Зграда на Министерството за културазграда во скопската населба Дебар Маало. Таа е управна зграда на Министерство за култура. Таа е прогласена за Споменик на културата.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Зградата била подигната во 1927 година, за потребите на тогашното Министерство за шуми на Кралството СХС.[1]

Во социјалистичкиот период, градбата била користена најповеќе за воени цели, каде бил сместен и командниот гарнизон. Во 1998 година, зграда била прогласен за споменик на културата.[1]

Во 2005 година, во времето на министерот за култура Благој Стефановски, зградата била предадена во употреба на Министерството за култура.[1]

Зградата била прогласена за значајно културно наследство врз основа на Уп. бр. 18-429/2015 од 4 февруари 2016 година.[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 3 4 Борис Јурмовски (5 април 2022). „Министерство за Култура /фотогалерија/“. marh.mk. Архивирано од изворникот на 18 мај 2022. Посетено на 11 мај 2024.
  2. 1 2 „Регистрирани недвижни добра по надлежност на националните установи“ (PDF). Управа за заштита на културното наследство на Македонија. февруари 2023. стр. 49. Архивирано (PDF) од изворникот 2023-04-07. Посетено на 7 декември 2023.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]