Горна Лешница

Координати: 41°55′41″N 21°3′47″E / 41.92806° СГШ; 21.06306° ИГД / 41.92806; 21.06306
Од Википедија — слободната енциклопедија
Горна Лешница
Горна Лешница во рамките на Македонија
Горна Лешница
Местоположба на Горна Лешница во Македонија
Горна Лешница на карта

Карта

Координати 41°55′41″N 21°3′47″E / 41.92806° СГШ; 21.06306° ИГД / 41.92806; 21.06306
Општина  Желино
Население 114 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 28016
Надм. вис. 714 м
Горна Лешница на општинската карта

Атарот на Горна Лешница во рамките на општината
Горна Лешница на Ризницата

Горна Лешница — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово. Според пописот од 2002 година, во селото имало 189 жители.

Географија и местоположба

Горна Лешница се наоѓа во Долни Полог. Селото лежи на западните падини на Сува Гора. Во близина на селото се Долна Лешница, Ларце и Добарце.

Историја

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало население од 190 муслимани (Албанци).[2] Рускиот публицист Афанасиј Селишчев во 1929 година забележал дека селото било дел од Општина Желино и имало 36 куќи со 226 жители Албанци.[3]

Демографија

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 189 жители. Следува табела на националната структура на населението[4]

Националност Вкупно
Македонци 1
Турци 0
Роми 0
Албанци 188
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
останати 0

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Горна Лешница има 114 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно
Македонци 0
Албанци 104
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 10

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2111 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[5]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 205 гласачи.[6]

Поврзано

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
  3. Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  6. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски