Географија на Науру
Карта на Науру | |
Географија | |
---|---|
Место | Тихи Океан |
Координати | 0°32′S 166°55′E / 0.533° ЈГШ; 166.917° ИГД |
Површина | 21 км2 |
Највисока точка | безимено |
Држава | |
Науру | |
Најголема населба | Јарен (pop. 1,100) |
Демографија | |
Население | 9,275 (2007) |
Густина | 441,67 /km2 (114.392 /sq mi) |
Етнички групи | Науруанци |
Географијата на Науру ги опфаќа географските, релјефните и демографските одлики на државата. Науру е островска држава, составена само од еден остров, кој се наоѓа во Тихиот Океан. Науру нема копнена граница со друга држава, но по морски пат се граничи со Микронезија на север, со Кирибати на исток, Папуа Нова Гвинеја на запад и со Соломоните на југ. Островот се наоѓа 53 км јужно од екваторот со географски координати 0°32′S 166°55′E / 0.533° ЈГШ; 166.917° ИГД. Науру е еден од трите острови богати со фосфат, другите два се Банаба и Макатеја. Според проценките за 2007 година во Науру живееле 9,275 жители. Науру нема главен град, но за таков се смета округот Јарен.
Науру има вкупна површина од21 километар квадратен и вкупната должина на брегот е 30 км. Климата во државата е тропска, каде од ноември до февруари има влажна монсунска сезона. Највисоката точка на островот е 71 метар кој се наоѓа во централната фосфатна висорамнина. Единствената суровина од економска важност во државата е фосфатот, кој е создаден од депозити на гвано (птичјо ѓубриво).[1] Бидејќи островот е опколен од корален гребен, во Науру нема природни пристаништа, реки или големи езера. Морските територии на Науру се 370 км риболовна зона и 22 км територијална зона.
Природни непогоди
[уреди | уреди извор]Осровот се соочува со периодични суши и ограничени колочини на природна свежа вода. Почвата на островот е со висок степен на фосфат, како и бакар, мангезиум, железо и цинк, и сето тоа не е погодно за растителниот свет. Поради 90 годишното ископување на фосфатот во државата, 90% од Науру е опустошена земја и тоа резултира со ограничени природни ресурси.
Крајни точки
[уреди | уреди извор]Крајните точки на земјата се:
- северна точка – 'Рт Ана
- источна точка – 'Рт Иџув
- јужна точка – безимена точка во Мененг
- западна точка - пристаништето во Аиво
- највисока точка - Коменд Риџ (71 m)
- најниска точка - Тихи Океан
Административна поделба
[уреди | уреди извор]Науру е поделен на 14 административни области кои се групирани во осум изборни единици. Областите во Науру се:
Демографија
[уреди | уреди извор]Островот има население од 9.265 жители, од кои 96% зборуваат наурски јазик. Претходно, населението било поголемо, но во 2006 околу 1500 луѓе се отселиле.
Службен јазик во Науру е наурскиот. Англискиот е широко застапен и претставува јазик на управата и трговијата.
Ертничкиот состав на Науру е: 58% се Наурци, 26% останати тихоокеански етнички групи, 8% Кинези и 8% Европејци. Сите Европејци се Британци. Најголема религија е христијанството.
Осврнувајќи се на медицинските проблеми на Науру, науруанците се најдебели луѓе во светот. Исто така населението има проблеми и со диабетес.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Annual Report Part 1: Information on Fisheries, Research and Statistics: Republic of Nauru. Архивирано на 3 јули 2020 г. Working Paper 17 of the 4th Scientific Committee of the Western and Central Pacific Fisheries Commission. WCPFC 2008.
Поврзано
[уреди | уреди извор]
|