Вештица Воденска

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Вештица (Воденска))
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Вештица Воденска
Πολυπλάτανος
Вештица Воденска is located in Грција
Вештица Воденска
Вештица Воденска
Местоположба во областа
Вештица Воденска is located in Негуш (општина)
Вештица Воденска
Местоположба на Вештица Воденска во општината Негуш и областа Централна Македонија
Координати: 40°41′N 22°11′E / 40.683° СГШ; 22.183° ИГД / 40.683; 22.183Координати: 40°41′N 22°11′E / 40.683° СГШ; 22.183° ИГД / 40.683; 22.183
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаНегуш
Општ. единицаИринуполи
Надм. вис.&1000000000000002500000025 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно767
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Вештица Воденска или само Вештица (грчки: Πολυπλάτανος, Полиплатанос; книжевно: Πολυπλάτανον, Полиплатанон; до 1927 година: Βέτσιστα, Вециста или Βέστιτσα, Вестица[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Негуш, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 15 километри североисточно од градот Негуш и 10 километри југоисточно од Вртикоп, на надморска височина од 25 метри.[3] Селскиот атар зафаќа површина од 12 квадратни километри.

Сместено е во Солунското Поле. Маалото, сместено на источната страна на реката Вода, од 1920-тите години на XX век се смета за одделно село - Вештица Берска.

Историја[уреди | уреди извор]

И ова село, како и сите села во околината, до 1924 година била населено исклучително со македонско население.[3]

По Првата светска војна, во селото биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, Вештица претставува мешана населба со 45 бегалски семејства со векупно 149 жители.[4]

Во 1927 година, селото било преименувано во Полиплатанос (Πολυπλάτανος).[5]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението главно се занимава со земјоделство и сточарство. Главни земјоделски производи се јаболка, праски, памук и пченица. Прилично е развиено и краварството.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Вештица живееле 500 Македонци.[3][6] Сепак, овие бројки се однесуваат за двете села насловени Вештица, Берска и Воденска, односно самиот К’нчов не ги поделил како посебни населби, како што тоа го направил Бранкоф. По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Вештица имало 128 Македонци.[7]

Во пописот од 1913 година било забележано со 158, а во 1920 година со 204 жители Македонци. По 1924 година, поради плодноста на почвата, тука се населиле и 155 бегалски жители од Понд. На тој начин, селото станало мешана населба, која во пописот од 1928 година била забележана со 381 жител, во 1940 година, поради нови доселувања на бегалци, бројот на жителите нараснал на 606, во 1951 година селото имало 751 жител, во 1961 година 872 жители, во 1971 година 852 и во 1981 година 942 жители. Во пописот од 1991 година неговите жители биле пресметани во составот на градската општина Вештица Берска. Статистиките по Втората светска војна покажуваат зголемување на бројот на населението, што се должело на вонредно богатата почва, која речиси целосно се наводнува.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 884 жители. Со овој попис, селото Воденска Вештица повторно се водело како посебна населба. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 767 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 606 751 872 852 942 884 767
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Иринуполи со седиште во селото Вештица Берска, која припаѓа на поголемата општина Негуш, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Воденска Вештица, во кој е единствено село.

Наводи[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]