Битолски Ејалет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Битолски Ејалет
Ејалет на Османлиско Царство

1826–1864
Местоположба на Manastır Eyaleti
Битолскиот Ејалет во 1850-тите
Главен град Битола
Историја
 -  Основана 1826
 -  Укината 1864

Битолски Ејалет (турски: Manastır Eyaleti) – ејалет на Отоманското Царство. Постоел од 1826 до 1864 година на подрачјето на модерна Македонија, Србија, Албанија и Грција. Понекогаш, по грешка, овој ејалет се нарекува Румелиски[1], како што било името на многу поголем ејалет што претходно постоел.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1826 година, како резултат на административната реформа на султанот Махмуд II од Румелискиот Ејалет, се одделиле Одринскиот и Солунскиот Ејалет, а самиот Румелиски Ејалет бил преобразуван во Битолски Ејалет. Истата година, главниот град на покраината бил преместен во Битола. Честопати постои забуна, погрешно се верува дека Румелискиот Ејалет продолжил да постои.

Задачата на битолскиот паша била да обезбеди османлиско владеење во централниот дел на Балканскиот Полуостров. Сепак, тоа било тешко да се направи, со оглед на постојаните востанија на Србите и Црногорците. Ситуацијата била тешка и во Албанија.

Во 1828-1829 година, североисточните области на ејалетот, особено Софија, биле окупирани за време на Руско-турската војна.

Во 1846 година, од територијата на ејалетот биле одделени во посебни провинции Видин и Ниш. Во 1864 година ејалетот бил преобразуван во Битолски Вилает.

Економија[уреди | уреди извор]

Основата на економијата било земјоделството. На подрачјето на ејалетот работеле рудници на благородни метали и разни руди. Меѓутоа во 1830-тите и 1850-тите години ејалетот доживеале економска и социјална криза. За износот на даноците собрани во тоа време има малку информации.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Санџаци во ејалетот во средината на 19 век:[2][3]

Управители на ејалетот[уреди | уреди извор]

Управители на ејалетот:[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Voyage dans la Turquie d’Europe : description physique et géologique de la Thrace. T1 / par A. Viquesnel… page 114
  2. The three eras of Ottoman history, a political essay on the late reforms of ..., p. 75, при Гугл книги By James Henry Skene
  3. http://books.google.rs/books?id=9JQ3AAAAIAAJ&pg=PA1178&dq=Monastir+Eyalet+1864&hl=en&sa=X&ei=HDAET6nPFsHO4QTs5bWKDg&ved=0CC0Q6AEwAA#v=onepage&q=Monastir%20Eyalet%201864&f=false. Занемарен непознатиот параметар |başlık= (help); Занемарен непознатиот параметар |erişimtarihi= (help); Занемарен непознатиот параметар |soyadı= (help); Занемарен непознатиот параметар |sayfa= (help); Занемарен непознатиот параметар |ad= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  4. World Statesmen — Macedonia