Алфа-кетоглутарна киселина
Претпочитано име по МСЧПХ: 2-Оксопентандионска киселина | |
Други називи 2-кетоглутарна киселина | |
Назнаки | |
---|---|
328-50-7 | |
ChEBI | CHEBI:30915 |
ChemSpider | 50 |
DrugBank | DB02926 |
| |
IUPHAR/BPS
|
3636 |
3Д-модел (Jmol) | Слика |
KEGG | C00026 |
MeSH | alpha-ketoglutaric+acid |
PubChem | 51 |
| |
UNII | 8ID597Z82X |
Својства | |
Хемиска формула | |
Моларна маса | 0 g mol−1 |
Точка на топење | |
Дополнителни податоци | |
(што е ова?) (провери) Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa) | |
Наводи |
α-кетоглутарна киселина (2-оксоглутарна киселина) е една од двете кетонски деривати на глутарна киселина. Терминот "кетоглутарна киселина," во случај кога не е повеќе прецизиран, речиси секогаш се однесува на алфа варијантата. β-кетоглутарната киселина се разликува само по позицијата на кетонската функционална група, и поретко се среќава во природата.
α-кетоглутарат (α-КГ или 2-оксоглутарат, 2OG) е анјон на α-кетоглутарна киселина и претставува биолошки многу значајно соединение. Во клетката, настанува со деаминација на глутамат, а исто така се јавува како меѓупроизвод во Кребсовиот циклус.
Функции
[уреди | уреди извор]Аланин трансаминаза
[уреди | уреди извор]Аланин трансаминазата (ALT) е ензим кој ги претвора α-кетоглутаратот и аланинот во L-глутамат и пируват, соодветно, во реакција која е реверзибилна.
Кребсов циклус
[уреди | уреди извор]α-кетоглутаратот е клучен меѓупроизвод (интермедиер) во Кребсовиот циклус. Анаплеротските реакции можат да го надополнат циклусот во чекорот на создавање на α-кетоглутаратот, со негова синтеза од трансаминацијата на глутамат, или преку дејството на ензимот глутамат дехидрогеназа на глутаматот.
Синтеза на аминокиселини
[уреди | уреди извор]Аминокиселината глутамин се синтетизира од глутамат со помош на ензимот глутамин синтетаза, при што се троши молекула на ATP за да се формира глутамил фосфат, кој, како нуклеофил, реагира со амонијак за да даде глутамин и неоргански фосфат. Пролинот, аргининот, лизинот (само во некои организми) се други аминокиселини кои се синтетизираат од глутамат.[2]
Транспортер на азот
[уреди | уреди извор]Друга функција на α-кетоглутаратот е да го врзе вишокот на азот во клетката, со што спречува на негово концентрирање во токсична форма. α-кетоглутаратот е еден од најважните транспортери на азот во метаболните патишта на клетката. Тој ги врзува аминогрупите кои ги донираат разни аминокиселини (преку процес на трансаминација) и ги пренесува во црниот дроб, каде се одвива циклусот на уреа.
α-кетоглутаратот, заедно со глутаминот, е претходник на невротрансмитерот глутамат. Кога глутаматот се декарбоксилира (процес за кој е потребен витамин Б6), тој како продукт го дава инхибиторниот невротрансмитер гама-аминобутерна киселина (GABA).
Тој игра улога и во детоксикацијата на амонијакот во мозокот.[3][4][5]
Однос со молекуларен кислород
[уреди | уреди извор]Како ко-супстрат на α-кетоглутарат-зависната хидроксилаза, тој има важна функција во реакциите на оксидација кои користат молекуларен кислород. Молекуларниот кислород (О2) може директно да оксидира многу соединенија во организмот, за да се добијат разни корисни производи. Ваквите реакции се катализираат со ензими наречени оксигенази. Во многу случаи, α-кетоглутарат ја помага реакцијата на тој начин што се оксидира заедно со главниот супстрат. Всушност, една од α-кетоглутарат-зависните оксигенази е сензор за O2, која го информира организмот за нивото на кислород во средината.
Заедно со молекуларниот кислород, алфа-кетоглутаратот е неопходен за хидроксилација на пролин во хидроксипролин, при создавањето на колаген од тип 1.
Антиоксиданс
[уреди | уреди извор]α-кетоглутаратот е способен да го намали нивото на водород пероксид, при што се претвора во сукцинат, во медиуми на клеточни култури.[6]
Добивање
[уреди | уреди извор]α-кетоглутаратот може да се добие со:
- Оксидативна декарбоксилација на изоцитрат со изоцитрат дехидрогеназа;
- Оксидативна деаминација на глутамат со глутамат дехидрогеназа.
- Од галактуронска киселина со организмот Аgrobacterium tumefaciens.[7]
Тој може да се користи за производство на:
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Merck Index, 13th Edition, 5320.
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ „Does infectious fever relieve autistic behavior by releasing glutamine from skeletal muscles as provisional fuel?“. Архивирано од изворникот на 2014-05-19. Посетено на 2018-07-11.
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)