Циклус на уреа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петте реакции кои го сочинуваат циклусот на уреа. Првите две се одвиваат во митохондриите, додека останатите три се одвиваат во цитозолот.

Циклусот на уреата (познат и како орнитински циклус) е циклус на биохемиски реакции кои се случуваат кај голем број на животни, вклучувајќи го и човекот, при што се добива уреа ((NH2)2CO) од амонијак (NH3). Овој циклус е откриен од страна на Ханс Адолф Кребс и Курт Хенселајт во 1932 година, пет години пред откривањето на циклусот на лимонска киселина. Кај цицачите, циклусот на уреа се случува главно во црниот дроб, и помалку во бубрезите.

Реакции[уреди | уреди извор]

Реакции во циклусот на урејата
Чекор Реактанти Производи Катализирано од Место
1 NH4+ + HCO3 + 2ATP карбамоил фосфат + 2ADP + Pi CPS1 митохондрии
2 карбамоил фосфат + орнитин цитрулин + Pi OTC митохондрии
3 цитрулин + аспартат + ATP аргининосукцинат + AMP + PPi ASS цитозол
4 аргининосукцинат Arg + фумарат ASL цитозол
5 Arg + H2O орнитин + уреа ARG1 цитозол