УНХЦР

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР; основана 14 декември , 1950) е агенција под надлежност на Обединетите Нации со мандат за заштита и подршка на бегалците на барање на владите или на самите ОН и помага во нивна ресоцијализација и интеграција или сместување во друга замја.Нивните канцеларии се во Женева, Швајцарија.

Историја[уреди]

УНХЦР е основана на 14 Декември, 1950 и ја наследи претходната агенција, Агенција за олеснување и рехабилитација на Обединетите нации. Агенцијата има мандат да води и координира меѓународни акции за заштита и решавање на проблемите на бегалците низ целиот свет. Нејзина главна цел е да ги заштити и да обезбеди почитување на правата на бегалците. Таа се стреми да обезбеди секој да може да побара азил и да најде безбедност во друга земја, со опција доброволно да се врати во сопствената земја, да се интегрира или да се пресели во друга земја.

Мандатот на УНХЦР беше значајно проширен за да може да обезбеди заштита и хуманитарна асистенција и на други лица што се водат како "загрижувачки," вклучувајки внатрешно раселени лица кои влегуваат во правната категорија на бегалци под Конвенција за статус на бегалци од Обединети нации и Протоколот од 1967, Конвенцијата на Организацијата за Африканска обединетост од 1969, или некој друг мировен договор ако ја напуштат земјата, но кои сѐ уште се присутни во нивната земја на потекло. УНХЦР моментално има свои мисии во Либан, Јужен Судан, Чад/Дарфур, Демократска Република Конго, Ирак, Авганистан како и во Кенија да помогне и да им обезбеди помош на внатршно раселените лица и бегалци.

Мандат за бегалци во Палестина[уреди]

Повекето Палестински бегалци– тие во Западен Брег, Појасот Газа, Либан, Сирија, and Јордан – не спаѓаат по одговорност на УНХЦР,туку под постарата организација, United Nations Relief and Works Agency for Palestine Refugees in the Near East (UNRWA). Но Палестинските бегалци надвор од UNRWA доменот на работење потпаѓаат под мандатот на УНХЦР, ако ги исполнат строгите критериуми на УНХЦР за бегалци.

Јавно познавање[уреди]

Неколку нови програми во последно време беа презентирани за да се обезбеди подршка и да се подигне нивото на свест за бегалците низ целиот свет. Овие две програми се дел од Милениумски цели на Обединетите нации.

Награди[уреди]

УНХЦР има добиено Нобелова награда за мир во 1954 и 1981

Луѓе под мандат на УНХЦР[уреди]

Од 1 Јануари, 2007 УНХЦР прикажа вкупна бројка од 21 018 589 индивидуалци кои спаѓаат под нејзиниот мандат.

  • 7 979 251 во Азија, од кои
    • 2 580 638 во Средниот Исток
    • 2 974 315 во Југоисточна Азија
    • 218 584 во Централна Азија
    • 1 304 189 во Јужна Азија
    • 901 525 во Источна Азија и Пацифик
  • 4 740 392 во Европа, од кои
    • 1 617 214 во Источна Европа
    • 708 132 во Југо-источна Европа
    • 616 132 во Централна Европа и во Балтичките држави
    • 1 798 914 во Западна Европа
  • 5 069 123 во Африка, од кои
    • 1 359 175 во Централна Африка и регионот околу Големите езера
    • 2 105 314 во Источна Африка
    • 1 031 030 во Западна Африка
    • 434 427 во Јужниот африкански регион
    • 139 177 во Северна Африка

Персонал[уреди]

УНХЦР има персонал од околу 6300 вработени во 110 земји.[1]

Високи Преставници[уреди]

На местото на Висок Преставник биле

Пред воведувањето на УНХЦР, Фридјоф Нансен беше Висок Преставник за бегалци на Лигата на Нациите од 1922.

Амбасадори на добра волја[уреди]

УНХЦР е претставуван и од УНХЦР Амбасадори на добра волја, кои во моментов се Барбара Хендрикс, Адел Имам, Анџелина Џоли, Џорџо Армани, Борис Трајанов, Жулиен Клерк, Џорџ Даларес, Освалдо Лапорт, Калед Хусеини and Муазез Ерсој.[2] Претходни амбасадори биле и Ричард Бартон, Назиа Хасан, Џејмс Мејсон и Софија Лорен.

Види исто така[уреди]

Наводи[уреди]

  • Gil Loescher, Alexander Betts and James Milner. UNHCR: The Politics and Practice of Refugee Protection into the Twenty-First Century, Routledge. 2008.
  • Gil Loescher. The UNHCR and World Politics: A Perilous Path. Oxford University Press. 2002
  • Fiona Terry. Condemned to Repeat? The Paradox of Humanitarian Action. Cornell University Press. 2002.
  • Nicholas Steiner. Problems of Protection. Routledge. 2003.

Надворешни врски[уреди]