Лестер Пирсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лестер Б. Пирсон
14ти Премиер на Канада
На должноста
Стапил
22 април 1963 (1963-04-22)
Монарх Елизабета II
Генерален управник Georges Vanier
Roland Michener
Претходник Џон Дифенбејкер
Наследник Пјер Трудо
Претседател на Либерална партија
На должноста
Стапил
16 јануари 1958 (1958-01-16)
Претходник Луј Сент-Лорен
Наследник Пјер Трудо
Претседател на опозицијата
На должноста
Стапил
16 јануари 1958 (1958-01-16)
Претходник Луј Сент-Лорен
Наследник Џон Дифенбејкер
Министер за надворешни работи
На должноста
Стапил
10 септември 1948 (1948-09-10)
Канадски амбасадор во САД
На должноста
Стапил
јули 1944 (1944-07)
7-ми претседател на Генералното собрание на Обединетите нации
На должноста
Стапил
14 октомври 1952 (1952-10-14)
Претходник Луис Падиља Нерво
Наследник Виџаја Лакшми Пандит
Лични податоци
Роден(а) Лестер Боулс Пирсон
23 април 1897(1897-04-23)
Њутнбрук, Онтарио, Канада
Починал(а) 27 декември 1972(1972-12-27) (возр. 75)
Отава, Онтарио, Канада
Почивалиште Вејкфилд, Квебек
Партија Либерал
Сопружник Мерион Муди (в. 1925)
Деца 2
Професија
  • Дипломат
  • историчар
  • војник
Награди Нобелова награда за мир (1957)
Потпис
Воена служба
Прекар Мајк
Припадност Канада
Траење 1915–1918
Чин
  • Полковник
  • Воздухоловен офицер
Битки/војни Прва светска војна

Лестер БоулсМајкПирсон (анг: Lester Bowles „Mike“ Pearson; 23 април 1897 г – 27 декември 1972) ― канадски политичар, дипломат, државник и научник кој од 1963 до 1968 година бил 14-ти премиер на Канада.

Лестер Пирсон е роден во Њутнбрук, Онтарио (денес дел од Торонто) во сиромашно семејство на методистички министер со ирско потекло. Се школувал на Универзитетот во Торонто и на Оксфордскиот универзитет.[1]

Кариерата ја започнал во канадското Министерство за надворешни работи.[2] Од 1944 до 1946 година бил канадски амбасадор во САД, а од 1948 до 1957 година бил државен секретар за надворешни работи. Во 1953 година за малку не успеал да стане генерален секретар на Обединетите нации. Во 1957 година добил Нобелова награда за мир поради неговиот ангажман за мирно решавање на Суецката криза.

Откако во 1957 година либералите изгубиле на федералните избори, Пирсон во 1958 година станал претседател на Либералната партија во Канада. По две последователни порази на федерални избори од тогашниот премиер Џон Дифенбејкер во 1958 и 1962 година, Пирсон успеал да победи во третиот обид и во 1963 година станал премиер на Канада. Пирсон победил и на изборите во 1965 година.

Пирсон за време на неговиот мандат управувал со две последователни малцински влади, а поради тоа што либералите немале мнозинство во Долниот дом му требала поддршка од опозициските партии. Со нивна поддршка, Пирсон се насочил кон прогресивна политика и во Канада вовел: универзална здравствена заштита, Програма за студентски заем и Канадскиот пензиски план. Пирсон, исто така, ги вовел Канадскиот ред и Кралската комисија за двојазичност и бикултурализам; го надгледувал создавањето на знамето со јаворов лист кое било усвоено во 1965 година. Неговата влада ги обединила канадските вооружени сили и успеала да ја задржи Канада вон Виетнамската војна. Во 1967 година, Канада станала прва земја во светот која вовела систем за имиграција заснован на поени. Во 1968 година, Пирсон поднел оставка од функцијата премиер и се повлекол од политиката.

Поради спроведените владини програми и политики и поради неговите дела во Обединетите нации и во меѓународната дипломатија, кои ја вклучуваат неговата улога во завршувањето на Суецката криза, Пирсон се смета за еден од највлијателните Канаѓани на 20 век и е рангиран меѓу најдобрите канадски премиери.[3] [4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Pearson, Lester Bowles“. Dictionary of Canadian Biography Online, 2019 –2018 (Volume XX). University of Toronto/Université Laval. 2000. Посетено на 13 June 2011.
  2. English (1989–1992), Volume I
  3. MacDonald, L. Ian. "The Best Prime Minister of the Last 50 Years — Pearson, by a landslide", Policy Options, June–July 2003. Accessed 3 April 2014.
  4. S. Azzi, N. Hillmer. "Ranking Canada's best and worst prime ministers",Maclean's, October 2016. Accessed 27 May 2017

Надворешни врски[уреди | уреди извор]