Прво бугарско царство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Империја

Прво Бугарско царство
Първo българско царство
Părvo Bălgarsko Tsarstvo

 

681–971
 

Seal of Omurtag на Бугарија

Seal of Omurtag

Бугарската Iмперија во времето на Симеон I
Главен град Плиска
(681–893)
Преслав
(893–972)
Јазици Прабугарски
(681–864)
Старословенски
(864–971)
Вероисповед Тенгризам & Словенски паганизам
(681–864)
Православие
(864–971)
Уредување Апсолутна монархија
Кан, Цар (Император)
 -  681–700 Аспарух (прв)
Петар (последен)
Историски период Среден век
 -  Аспарух 681
 -  Христијанизација 864
 -  Симеон I 913
 -  Распад на Византија 971
Површина
 -  10 век 753000 км²
Население
 -  10 век 4000000 
     Густина 5.3 жит/км²
Базиликата во Плиска е симбол на моќта на Првата бугарска држава, како и нејзин културен центар.

Првото бугарско царство или Дунавска Бугарија (нарекувано уште Прва бугарска држава) е ханство, а од крунисувањето на Симеон I Велики за цар, и царство, на раните Прабугари и Словени, која постоела на Балканскиот полуостров и неговите гранични делови од Југоисточна Европа од 680 до 971 година. Нејзин основач е кан Аспарух, кој по распаѓањето на Велика Бугарија доведува дел од прабугарските племиња во денешна Бесарабија и Добруџа, ги подчинува месните словенски племиња и ја принудува Византија да му плаќа данок во 681 година. Во прво време, главниот град е во Онг'ла, а понатака се востановува во Плиска, кон крајот на 9 век во Велики Преслав.

Најголемото територијално проширување Првата бугарска држава го достигнува во 9 век, кога кон првоначалните територии по Долен Дунав се присоединети области во Тракија и Македонија, делови од денешните Албанија, Србија и Романија, а исто така и дел од Северното Черноморие (до река Днепар). Во текот на истиот период настапува централизација на државното управување. Таа е придружена со процеси на асимилација и консолидирање на разнородните групи од населението во средновековната бугарска народност, заедничкиот јазик на која што се развива основата на словенскиот јазик [1]. Во текот на 864-866 година за време на Борис I христијанството станува државна религија, што води до значителни промени во културниот живот на државата и така наречениот Златен век на цар Симеон. Кај истиот владетел бугарите праваат продолжителни, но безуспешни обиди да завладеат со главниот град на Византија Константинопол.

Бугаро-византијските војни, заедно со инвазиите на Угрите, Печенези и Русите, водат до ослабување на бугарската држава и паѓање на главниот град Преслав под византиска власт во 971 година.

Почетокот[уреди]

Во 632 година хан Кубрат успева да ги обедини бугарските племиња, кои се наоѓаат под власта на Тјуркскиот каганат, во сопствена држава, наречена од византиските историчари Велика Бугарија. Со помошта на оскудните записи на ерменски и византиски летописци, се востановени приближно границите на таа држава: долното поречие на Дунав на запад, Црно и Азовско море на југ, река Кубан на исток и река Дон на север. Скоро по своето образување, Велика Бугарија води војни со Хазарите, кои завршуваат во почетокот на 70-тите години на VII век. До тогаш хазарите ги имаат заземено териториите источно од Днепар.

Во 680 година прабугарите, обединети со седумте словенски племиња и северите, водат војна со Византија кај месноста Онг'л, и по поразот, Византија потпишува мировен договор со Бугарија во 681 година, со тоа што се задолжува да и плаќа годишен данок. По војната Бугарија ги опфаќа земјите од северното црноморие и реките Днепар и Днестар на исток до река Морава на запад, и од северните склонови на Стара планина на југ до јужните склонови на Карпатите на север. Од југ сосед и била моќната Византија, од запад - Аварскиот хаганат, од исток - Хазарите, кои ги заземале териториите на Кубратова Бугарија. Главен град станала словенската крепост Плиска.

Хан Аспарух починал веројатно некаде кон 700 година во битка со Хазарите од исток. Го наследил син му хан Тервел, кој востановил директни политички односи со византиската власт, со тоа што неколку пати му помогнал на паднатиот император Јустинијан II да си го врати престолот. Заради таа помош ханот ја добил богатата и важна област Загоре, на југ од Стара планина. Нај-големиот успех на хан Тервел е победата над арапите, кои го опсадиле Константинопол во 717 година, што им ставило конечен крај на нивните обиди да проникнат во Европа преку Балканот. Неговата победа се споредува со постигнатата многу години подоцна победа над арапите на Карл Мартел при Поатие.

По смртта на хан Тервел Бугарија навлегла во политичка криза, хановите се менувале речиси секоја година преку преврати и интриги, а врв на сето тоа е управувањето на хан Умор - само 46 денови. Положбата се стабилизирала кон крајот на 8 и почетокот на 9 век, кога престолот го зазема хан Крум. Од тој силен и енергичен прабугарски хан започнува династијата на најсилно изјавените владетели на Првата бугарска држава, кои ја управувале речиси до самиот нејзин крај.

Крум и Омуртаг[уреди]

Бидејќи претходникот на Крум, хан Кардам, успеал да се оттргне од византијските шпиони во Бугарија, тој напосле имал можност да се зафати со офанзива на југ. Но пред тоа ги разбил остатоците од Аварскиот хаганат, кој попаднал под ударите на Франкската империја на Карл Велики. Во териториите на Бугарија биле вклучени богатите солници на Трансилванија, што и дозволило да се вклучи во напредокот на европската економија. Во 808 година Крум започнува походи по река Струма, во 809 година ја презема важната крепост Средец (денешна Софија). Во 811 година император Никифор I започнува поход против Бугарија, стига до нејзиниот главен град, Плиска, ја презема и ја опожарува. Сметајќи дека тоа е крајот на проблемите со бугарите, се вратил назад за Константинопол. Но утрината на 26 јули 811 година, за време на ноќевањето на армијата и императорот кај Врбишкиот проход, вооружената бугарска војска изненадно ги нападнала, ги исклала повеќето, и дури самиот император ја дочекал таму смртта. За прославувањето на победата Крум употребил чаша, направена од черепот на императорот Никифор, обкован со злато и сребро.

Две години подоцна, во 813 година, Крум подготвил невиден дотогаш поход кон Константинопол. Меѓутоа, неговата смрт на 13 април 813 година го спречило замисленото дело. Крум положил големи усилија за укрепување на државата. Присоединил важни територии кон државата и наложил заеднички закони за сите поданици, за да осигури внатрешна стабилност. Законите биле строги и не правеле разлика меѓу прабугари, словени и други. Тоа била првата стапка кон обединувањето во една народност на различните по бит и култура етноси.

Неговиот наследник, Омуртаг, склучил 30-годишен мировен договор со Византија, и се зафатил со внатрешната ситуација на државата. Започнал со повторно изградување на главниот град, кој бил опожарен за време на походот на Никифор, изградил и укрепил редица градови. Ја зацврстил бугарската власт на северозапад, каде што франките се обиделе да одделат 3 словенски племиња од Бугарија.

Борис I[уреди]

Минијатура која го прикажува Борис I.

Кај неговите наследници, Маламир (831-836) и Пресијан (836-852), продолжило проширувањето на југ и југозапад, при што кон Бугарија влегле Беломорска Тракија без Солун и цела Македонија. Во почетокот на управувањето на хан Борис (852-889) Бугарија води неуспешни војни против Византија и Германското кралство. Борис решава да го прифати христијанството како официјална религија за Бугарија, и по редица спорови и политички настани го прави тоа преку византиското духовенство во периодот 863-865. Актот на покрстувањето предизвикува пагански реакции и се стигнува до бунт, во кој педесет и два аристократски рода си заминуваат од главниот град, но се разбиени и казнети, убиени се сите членови на родот. По покрстувањето, Борис ја прима титулата кнез, како и името на својот крстител византијскиот император Михаил. По доаѓањето на учениците на Кирил и Методиј во Бугарија и ја донесуваат славјанската писменост, Борис го прогонува византијското духовенство и започнуваат проповеди на словенобугарски јазик, кој станува официјален за државата.

Во 879-880 Деветиот вселенски собор решава да ги исклучи бугарските епархии од Константинополската црква, и на тој начин се создава независната (автокефална) бугарска архиепископија. По напуштањето на световната власт, Борис Михаил оди во манастир, од каде го продолжува црковното дело. Меѓутоа, неговиот син Владимир-Расате кој бил паган решил да го укине христијанството и да го врати паганството. Свикал народен собор во 893 година, на кој се решило за кнез на бугарите да биде избран Симеон, а главниот град да се премести од Плиска во Преслав.

Симеон I и Петар I[уреди]

Бугарија за време на цар Симеон I.

Симеон I го продолжува црковното и просветителното дело на својот татко Борис I, со тоа што засилено го помага книжното дело во главниот град, основа книжевни центри во целата држава и сам пишува за просветителската заедница во Преслав.[2] На надворешна сцена постигнува множество на воени успеси, со тоа што успева да ја рашири територијата на Бугарија на југ скоро до Коринт, а на запад ги достигнува земјите на денешна Албанија. На југоисток териториите достигнуваат до Одринското поле, опфаќајќи го и северниот дел на Дарданелскиот премин. Симеон си поставува за цел создавање на Бугарско-византиска империја, која откога не успева да ја постигне преку дипломатски начини (морало да биде објавен за регент (василиопатор) на малолетниот император на Византија, но императорката-мајка го спречила договорот), се обидува со војна. Води преговори со арапите за военоморска помош при напад против Константинопол, но првиот пат делегацијата била одвлечена од пирати и продадена како робови во Константинопол, а вториот пат не се доаѓа до ништо суштествено.

Симеон умира ненадејно на 27 мај 927 година [3] во разгор на подготвувањата за опсада на Константинопол. Пред својата смрт, тој се објавува за "Цар самодржец на сите бугари и ромеи", се титлува со титулата "цар", која била еднаква на императорската, и го објавува бугарскиот црковен поглавар за патриарх - највисокиот ранг во Источната православна црква.[4]

По неговата смрт на престолот седнува син му, Петар I. Тој склучува мир со Византија, кој официјално му ја признава царската титула и патриарскиот ранг на Бугарската црква.[5] За време на управувањето на Петар, Бугарија навлегува во криза, најмногу заради нападите на руси и маџари од север. Започнува распространувањето на ереси, најпозната од која била богомилството, по името на својот водач - поп Богомил.[6] Тоа станува основа и на албигојството, кое се појавило подоцна во Јужна Франција, како и на катарите.

Бугарското царство било уништено 971 година кога било приклучено во рамките на Византија [7] [8][9][10][11][11][12][13][14][15][16]

Видете исто[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Извори[уреди]

  1. Л. Иванов. История на България в седем страници. София, 2007.
  2. Robert Fossier, Janet Sondheimer - „The Cambridge Illustrated History of the Middle Ages: 350-950“, Cambridge University Press, 1997, стр. 370
  3. Златарски, Васил, История на българската държава през средните векове, том 1, част 2, Академично издателство "Марин Дринов", София 1994, ISBN 954-430-299-9, с. 513
  4. John V. Fine - "The Early Medieval Balkan", University of Michigan Press, 1991, стр. 155
  5. Robert Bideleux, Ian Jeffries - „A history of Eastern Europe“, Taylor & Francis, 2007, стр. 66,
  6. Milan Loos - „Dualist heresy in the Middle Ages“, Springer, 1974, стр. 50
  7. На капијама града y суерет су му изашли највиши достојанственици цркве и Царства, певајући химне y славу цара, и пружили му круну и схиптар од злата и драгог камен>а. На позлаћеним кочија-ма y четворопрегу y којима ce иначе вози цар, била je икова Богородице коју je он лично донео мз Бугароке, a испод ње лежале су одоре и дијадеме бугарских царева. Док je поворка улазила y град, иза кочија јахао je цар на белцу, окићен свим царским обележјима, a иза њега je пе-шлце ишао бугарски цар, Борис II, којег je ЦЈ«ИИСК заро-био y Преславу. У цркви Св. Софије византијски цар по-ложио je сјајну круну Бугарске на високи олтар, нао зна-мење првог ратног плена и захвалности. Онда je, пред са-купљеном гомилом y главном броду цркве, наредио бу-гарском цару да скине своја владарска обележ;ја и доде-лио му виз^антијску дворску титулу магистра. Само током једне године (971) Јован Цимиск постигао je војни тријумф којем нема премца y средњовековним - аналима Балкана. Уклонио je руеку опасност која je угрож:авала опстанак Визан1-ије y Евроли, поново утврдио северну границу на Дунаву и повратио теритарију коју су Аспарухови Бугари одузели од Византије још пре три века. За време овог суровог рата Бугари су беспомоћно гледали две највеће војне силе источне Европе како ce боре око шихове земље. Димитри Оболенски ВИЗАНТИЈСКИ КОМОНВЕЛТ Превела Ксенија Тодоровић ПРОСВЕТА - БЕОГРАД 1996
  8. На западу, y брдима и изолованим доли-нама Македоније, где ни Руси ни Византинци нису крочили за време рата, царска власт je била углавном номинална, па je и дал>е живела политичка традиција свргнуте бугар-ске државе. И управо на том месту су после Цимискове смрти 976. године четворица синова једног локалног ма-кедонског управитеља подигла побуњанички барјак. Нај-Ахлађи Самуило, искористио je грађанеки рат y Византији који je избио после омрти Јована Цимиока, и полако изгра-дио државу чији je главни град најпре био на Преспаноком језеру, a потом y Охриду. До краја века ова држава про-ширила ce на већи део пређашње бугарске територије из-међу Црног ,и Јадранског мора, уз Србију све до доњег тока Саве, Албаније, јужне Македоније, Тесалије и Епира Димитри Оболенски ВИЗАНТИЈСКИ КОМОНВЕЛТ Превела Ксенија Тодоровић ПРОСВЕТА - БЕОГРАД 1996
  9. Идеолошки, Самуиловото царство било поврзано за старото Бугарско царство, затоа и самите негови творци (Самуил и неговите наследници б.н) и Византија го нарекувале бугарско. Бидејќи традициите за царство и патријаршија, освен во Византија, постоеле уште само во Бугарија (се мисли само за Балканот б.н). Самуил ги прифатил тие традиции и го презел наследството на Симеоновото и Петровото царство (Првотобугарско царство б.н), кое паднало под ударите на Византиците. Всушност неговото цартсво (на Самуил б.н) значајно се разликувало од Симеоновото и Петровото царство. И по составот и по карактерот тоа било ново царство. Неговиот центар се преместило према југозапад и Македонија го сочинувало неговото јадро. Ако главниот цил на Самуил би бил воспоставување на стaрото Бугарско царство, тој секако би се свртел кон бугарските земји и на прво место би се стремел да ги ослободи. Меѓутоа интересот на Самуил кон старите бугарски земји бил впечатливо мал. Во текот на сите негови борби во областите источно од Сердика играле изненадувачки скромна улога, така што изворите скоро и не ги спомнуваат. Ексапнзијата на Самуиловото царство било пред се свртено кон југ, види Георгије Острогорски, Историја на Византија, Народна Књига Алфа, 1998.
  10. Стјепан Антолјак: „Средновековна Македонија“ том 1, издание на Мисла, Скопје, 1985
  11. 11,0 11,1 Шарл Дил ИСТОРИЈА ВИЗАНТИЈСКОГ ЦАРСТВА
  12. Владимир Чоровиќ, "Историjа спрског народа", глава VI Држава мачедонских Словена, издание на страницата www.rastko.org.yu, Белград, 2001. (српски)
  13. Бранко Панов, "Македониjа низ историjата", "Менора", Скопjе, 1999, стр. 15.
  14. "Историjа на македонскиот народ", том 1 Македониjа од праисториско време до паѓането под турска власт, Институт за историjа, Скопjе, 2000, стр. 357.
  15. Коста Аџиевски, Пелагонија во средниот век, скопје, 1994
  16. Александар Атанасовски, Македонија и Македонците во делото на Никифор Григора - византиски историограф од XIV век. - Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, Кн. 27 (53) Скопје 2000. Истото е објавено во: Славянскиј Сборник. Вѕпуск 6. Саратовскога университета 2003.