Велики Преслав
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Велики Преслав
| Население | 10 064 (според 2006) |
|---|---|
| Површина | ? 2 |
| Регистарска ознака | H (BG) |
| Административна поделба | Шуменска област |
| Градоначалник | Димо Бодуров |
| Веб страна | domino.bg |
| Надморска висина | 92 m |
| Координати: | 43° 10′ С, 26° 49′ И |
Велики Преслав (бугарски: Велики Преслав) е град во источна Бугарија и претставува административен центар на општина Велики Преслав. До 1993 година се вика Преслав и во историјата е познат како втора престолнина на Бугарија меѓу 893-972 г. Во градот се наоѓа археолошки музеј и тврдина. Особено голем процвет достигнува во времето на ханот Омуртаг како воен лагер со гарнизон.
Денес градот брои околу 9.000 жители.
Содржина |
Историја [уреди]
Царот Симеон Велики ја преместил престолнината од Плиска во Преслав. Во градот настанал т.н. „златен век“ на бугарската култура. Се развиле најмногу литературата, архитектурата и уметноста. Биле изградени голем број христијански храмови, а престолнината била направена по урнек на Константинопол. Од Плиска во Преслав била преместена и Преславската книжевна школа.
Личности поврзани со Преслав [уреди]
- цар Симеон I (893-927)
- цар Петар I (927-969)
- цар Борис II (969-971)
- цар Роман (978-991)
- цар Пресијан II 1018
- цар Петар II (1040-1041)
- цар Петар III (1072)
- Наум Охридски
- Константин Преславски
- Црноризец Храбар
- Јован Егзарх
- Презвитер Козма
Надворешни врски [уреди]
Галерија [уреди]
|
|||||
