Портал:Архитектура/Избрана градба/2009

Од Википедија — слободната енциклопедија

Избрани градби во порталот:Архитектура се оние статии поврзани со градби кои корисниците на Википедија ги сметаат за најквалитетни најсодржајни. За една статија да биде избрана најпрвин треба да биде изгласана. Избраната статија опстојува на порталот еден месец.

Предлагачот на статијата треба само да предложи извадок од некоја статија поврзана со шахот на разговорната страница којашто потоа треба да биде изгласана од корисниците на Википедија.

Гласањето се одвива така што секој може да го даде својот глас или својот коментар, користејќи ги предлошките: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} или {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници се земаат во предвид. Гласањето завршува на последниот ден од месецот во 24 часот.

декември

Вестминстерска палата — дворец кој се наоѓа во Лондон, Англија. Во нејзиниот комплекс се наоѓа двете градби на Парламентот на Обединетото Кралство, Куќа на Лордовите (Горен Дом) и Општинската Куќа (Долен Дом). Дворецот се наоѓа на северниот брег на реката Темза во Лондонското подрачје во градот Вестминстер, близу до државните згради на Вајтхол.

Палатата содржи околу 1100 соби, 100 скали и 4,8 километри ходници. Иако градбата датира главно од 19 век, оставајќи елементи на оригинални историски градби вклучувајќи го Вестминстер Хол, кој денес се користи за повеќе државни церемонијални настани како што се изложувањата на посмртни останки и кулата Џул. Прочитајте повеќе


ноември

Куќа на Робевци — градба во Охрид која се смета за едeн од најрепрезентативните објекти на градската архитектура во Македонија, која својот највисок развој го достигнува во текот на XIX век. Денес е заштитен споменик на културата под грижа на Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид и во неа денес е сместен Археолошкиот музеј, етнолошката поставка, фонд на предмети од семејството Робевци и дела на охридската резбарска школа.

Тодор Петков од с. Гари, Дебарско, е мајсторот - градител на куќата на двајцата браќа Робевци, која ја сочинуваат два посебни стана што формираат симболична архитектонска целина. Куќата била изградена во 1825 година по што била опожарена и повторно изградена следната година. Прочитајте повеќе


октомври

Во-ле-Виконтфранцуски барокен дворец (шато) во Менси, близу Мелен, 55 km југоисточно од Париз во департманот Сена и Марна, Франција. Бил изграден во периодот од 1658 до 1661 за Никола Фуке, Маркиз од Бел-Ил-на-Море, Виконт од Мелен и Во, финансов управник (министер) на кралот Луј XIV.

Во-ле-Виконт на многу начини е највлијателното дело во Европа во средината на XVII век, најпрефинетата куќа во Франција изградена по Мезонскиот дворец. Тука заедно со архитектот Луј Ле Во, пејзажниот архитект Андре Ле Нотр и сликарот-декоратор Шарл Ле Брен за прв пат работеле заедно на голем проект. Нивната соработка го означува почетокот на еден нов поредок: величествениот манир на „стилот Луј XIV“ во кој спаѓаат системи на заедничка работа, кои можеле да се применат на градбата, нејзините ентериери и уметнички дела и на создавањето на цел пејзаж. Овој дворец е еден од најдобрите градби во Европа од ова време. Прочитајте повеќе


септември

Хавардски замокдостоинственички дом во Северен Јоркшир, Англија, 24 км северно од Јорк. Ова е една од највеличествените приватни резиденции во Британија, во најголем дел изградена помеѓу 1699 и 1712 г. за третиот Ерл од Карлајл, дело на архитектот Џон Ванбру. Ова не е вистински замок: зборот често се употребува за англиските куќи на село изградени по времето на градителството на замоци (~1500) и не е наменет да служи никаква воена функција.

Хавардскиот замок е дом на дел од семејството Хавард веќе над 300 години. Местото е познато кај гледачите како измислениот „Брајдсхед“ во ТВ адаптацијата на романот на Ивлин Во насловен како „Враќање во Брајдсхед“ и во двочасовната филмска адаптација на истото дело од 2008 г. Денес објектот е член на групата за заштита на кутурното наследство наречена Драгоцени куќи на Англија. Прочитајте повеќе


август

Црква „Св. Климент и Пантелејмон“ — црква која се наоѓа во локалитетот Плаошник во стариот дел на Охрид. Црквата е изградена и осветена во 2002. година. Црквата Свети Климент и Пантелејмон е така наречена во чест на Свети Климент Охридски кој првобитно го изградил храмот на ова место и на Свети Пантелејмон на кого првобитно била посветена.

За изградбата на црквата по проект на архитектката Тања Паскали Бунташеска, од Охридскиот завод и музеј, во што учествувале околу 200 стручни лица и градители, биле потрошени над 1 милион евра во најголем дел владини средства. Камен-темелникот на возобновената црква бил поставен во 2000. Прочитајте повеќе


јули

Мавзолеј од Халикарнас — еден од седумте сведски чуда, кој бил надгробен споменик на карискиот крал Мавзол. Бил изграден на површина од 33 х 39 м, а висок 50 м. Слично како големата пирамида во Египет, и ова место претставува гроб на еден од античките владетели. Сепак, Мавзолејот се разликувал од пирамидите по многу работи- помеѓу останатото, убавината на овај објект е таа која е поголема од неговата величина, убавината возбудува милиони луѓе од времето на изградба па сè до денес. Мавзолејот се наоѓа во градот Бодрум (во старогрчка доба Халикарнас), на брегот на Егејското Море, во југозападниот дел на денешна Турција. Прочитајте повеќе


јуни

Фонтана Треви — најголемата (85 стапки висока и 65 стапки широка) и најамбициозната Барокна фонтана во Рим.

Фонтаната се наоѓала на раскрсницата на три пата (tre vie), и означува крајна точка на Acqua Vergine, еден од најстарите аквадукти кои го снабдувале Рим со вода. Во 19 век п.н.е., наводно со помош на една девица, Римските техничари нашле извор на чиста вода само 22 километри од градот. (Оваа сцена е прикажана на сегашната фасада на фонтаната). Оваа Aqua Virgo била носена до Рим преку најкраткиот аквадукт директно до бањите на Агрип и го снабдувала Рим повеќе од 400 години. Крајот за урбаниот живот на доцниот класичен Рим дошол кога готските опсадувачи го скршиле водоводот. Прочитајте повеќе


мај

Поморскиот музеј во Осака — еден од најголемите поморски музеи во Јапонија. Музејот бил отворен од страна на градоначалникот на Осака на 14 јули 2000, а изградбата започнала во март 1998. Градбата е проектирана од страна на францускиот архитект Пол Андро, кој соработувал со Аруп и Тохата. Музејот бил изграден на обработливо земјиште во заливот Осака, во вредност од 12.8 милијарди јени, со копија од трговски период од периодот Едо, бродот Нанива Мару како главно дело во музејот. Барањата на градбата за да опстане сеизмички и од можните бури успешно биле исполнети и довеле, градбата да ја добие Специјалната награда за структура во 2002 од страна на Институтот за структурни инженери во Обединетото Кралство. Прочитајте повеќе


април

Нојшванштајнзамок изграден во XIX век на стрмен рид близу Хоеншвангау и Фисен во југозападна Баварија во Германија. Негов нарачател бил кралот на Баварија Лудвиг II кој го користел како своевидно засолниште, обогатено со елементи кои му оддаваат почит на композиторот Рихард Вагнер, кој претставувал инспирација за кралот. Иако на јавноста не ѝ е дозволено да ја фотографира внатрешноста, овој замок е најфотографираниот објект во Германија и една од најпопуларните туристички дестинации.

Лудвиг не примал посетители во неговите замоци, но по неговата смрт во 1886 замокот бил отворен за јавноста (делумно за да можат да се отплатат долговите off the debts Ludwig incurred financing its construction). Оттогаш до денес замокот го посетиле над 50 милиони луѓе. Прочитајте повеќе


март

Богородична цркваготска катедрала на источната половина на островот Ил де ла Сите на реката Сена во Париз, Франција, со главен влез од западната страна. Ова е катедралата на Париз и седиштето на архиепископот на градот. Богородичната црква се смета за најубавиот пример за француската готска архитектура. Виоле-ле-Дик, еден од најпознатите француски архитекти, ја обновил и сочувал од уривање. Името „Нотр Дам“ на француски значи „Нашата Госпоѓа“ (Богородица или Дева Марија).

Ова е една од најубавите готски катедрали во светот, градена низ целиот готски период. Скулптурите и витражите се одликуваат со големо влијание од натурализмот, за разлика од пораната романска архитектура. На 15 април 2019 година, во црквата избувнал силен пожар во кој била оштетена речиси целата покривна конструкција.

Прочитајте повеќе


февруари

Црква „Света Софија“ Истанбул — поранешната престолна црква на Византиското Царство во Константинопол (денешен Истанбул), која била преобразена во џамија од страна на Османлиите, кога паднал и самиот град под нивна власт на 29 мај во 1453 година. По 1934 година џамијата била претворена во музеј. Објектот бил изграден за само пет години (532-537).

На местото на денешната Света Софија, црква постоела уште од времето на императорот Константин I, која била започната да се гради уште во 325 година. Но црквата горела до темел двапати, вториот пат од пожарите за време на Бунтот Ника во времето на Јустинијан I во 532 година. Прочитајте повеќе


јануари

Версајски дворец — кралски дворец, кој се наоѓа во непосредна близина на градот Версај во Франција. Почнувајќи од 1682 година кога кралот Луј XIV се преселил таму од Париз, па сè додека кралското семејство не било принудено да се врати во Париз во 1789, Версајскиот дворец бил центарот на моќта.

Во 1660 год. кралот Луј XIV, кој веќе станал доволно возрасен за да владее, барал соодветно место за дворец близу Париз кој ќе биде истовремено доволно далеку за да се избегне бучавата на градот. Тој израснал со нередите на граѓанската војна помеѓу сопернички аристократски семејства и затоа барал место каде што ќе може да ја организира и комплетно контролира владата на Франција на начин на кој тој ќе биде во апсолутен центар на внимание. Тој избрал едно ловно засолниште од татка си и решил да го претвори во дворец. Во 1678 год. архитектот Жил Ардуен Мансар ја преземал задачата и доградил уште две крила, кралска капела и познатата Сала на огледалата. На 6 мај, 1682 Луј XIV конечно се преселил во дворецот. Прочитајте повеќе


Архива на избрани градби
2011
Кривата кула во Пиза · Камен мост (Скопје)
2010
Бурџ Калифа · Базилика Свети Петар · Ангкор Ват · Базилика на Светиот Гроб · Диоклецијанска палата · Кеопсова пирамида · Шенбрун · Султан Ахмедова џамија · Ланчен мост (Будимпешта) · Шпански скали · Константинополски ѕидини · Московски Кремљ
2009
Версајски дворец · Црква „Света Софија“ Истанбул · Богородична црква (Париз) · Нојшванштајн · Поморски музеј, Осака · Фонтана Треви · Мавзолеј во Халикарнас · Црква „Св. Климент и Пантелејмон“ - Охрид · Хавардски замок · Во-ле-Виконт · Куќа на Робевци · Вестминстерска палата
2008
Ајфелова кула · Ескоријал · Голестански дворец · Забранет град