Ил де ла Сите

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Базиликата Нотр Дам во Париз се наоѓа на oстровот Ил де ла Сите

Ил де ла Сите (фр. Île de la Cité = Остров на градот) е еден од двата природни острови во Париз во реката Сена. Другиот е Ил Сен-Луи, а третиот е Ил де Сињ и е вештачки. Ил де ла Сите бил местото каде е основан градот Париз уште во праисторијата и од каде што започнал да се шири градот. Денес островот е позната туристичка дестинација бидејќи на него се наоѓаат неколку симболи на градот:

  • Богородична црква (Нотр Дам) - монументална црква во готски стил од 12. - 14. век
  • Светата Капела - прекрасна капела во готски стил од 13. век
  • Понт неф (Новиот мост) - денес најстар мост на Сена во Париз изграден во 1607. година

Покрај тоа, на островот се наоѓаат и Полициската префектура, Палатата на правдата, Болницата Отел Диу и Трговскиот суд.

Островот е поврзан со двата брега на Сена и со соседниот остров Ил Сен Луи кој е главно резиденцијален.

Координати: 48°51′17″N 2°20′51″E / 48.85472, 2.3475