Портал:Архитектура/Избрана градба/2011

Од Википедија — слободната енциклопедија

Избрани градби во порталот:Архитектура се оние статии поврзани со градби кои корисниците на Википедија ги сметаат за најквалитетни најсодржајни. За една статија да биде избрана најпрвин треба да биде изгласана. Избраната статија опстојува на порталот еден месец.

Предлагачот на статијата треба само да предложи извадок од некоја статија поврзана со шахот на страницата за разговор којашто потоа треба да биде изгласана од корисниците на Википедија.

Гласањето се одвива така што секој може да го даде својот глас или својот коментар, користејќи ги предлошките: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} или {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници се земаат во предвид. Гласањето завршува на последниот ден од месецот во 24 часот.

февруари

Камен мост во Скопје — една од најзначајните знаменитости на градот. Сместен е во центарот на градот и ги поврзува плоштадот Македонија и старата скопска чаршија. Постојат две претпоставки околу датацијата на мостот. Според првата која е потврдена со археолошките проучувања, тој бил изграден во VI век, веднаш по катастрофалниот земјотрес од 518 год., во екот на градежните активности кои биле преземени низ сета Империја од страна на императорот Јустинијан I. Според втората претпоставка, која е поддржана со историски извори, мостот бил изграден во времето на султанот Мехмед II Освојувачот (1444-1446; 1451-1481), во периодот меѓу 1451 и 1469 год. Мостот денеска се смета за симбол на градот Скопје и е главен елемент на грбот на Скопје, кој пак грб е насликан на знамето на Скопје во жолто-златна боја. Прочитајте повеќе


јануари

Кривата кула во Пизакамбанарија или самостојна кула со ѕвона на катедралата на италијанскиот град Пиза. Изградена е на Плоштадот на катедралата, во склоп на комплексот кој вклучува и катедрала, крстилница и гробишта. Иако било планирано да стои вертикално, поради лошите темели и слабата почва, кулата се накривила до размери што морала да биде санирана за да не падне.

Изградбата на кулата е започната во 1173, а завршена дури во 1372 година, па поради тоа содржи градежни стилови и декорации од различни периоди. Висока е 56,7 метри од повисоката страна, и 55,86 метри од пониската. Вкупната маса на кулата се проценува на 14.500 тони. Прочитајте повеќе


Архива на избрани градби
2011
Кривата кула во Пиза · Камен мост (Скопје)
2010
Бурџ Калифа · Базилика Свети Петар · Ангкор Ват · Базилика на Светиот Гроб · Диоклецијанска палата · Кеопсова пирамида · Шенбрун · Султан Ахмедова џамија · Ланчен мост (Будимпешта) · Шпански скали · Константинополски ѕидини · Московски Кремљ
2009
Версајски дворец · Црква „Света Софија“ Истанбул · Богородична црква (Париз) · Нојшванштајн · Поморски музеј, Осака · Фонтана Треви · Мавзолеј во Халикарнас · Црква „Св. Климент и Пантелејмон“ - Охрид · Хавардски замок · Во-ле-Виконт · Куќа на Робевци · Вестминстерска палата
2008
Ајфелова кула · Ескоријал · Голестански дворец · Забранет град