Враќање во Брајдсхед (минисеријал)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| „Враќање во Брајдсхед Brideshead Revisited“ |
|
| Режирано од | Чарлс Стариџ Мајкл Линдзи-Хог |
|---|---|
| Продуцент | Дерек Грејнџер |
| Сценарист | Ивлин Во Џон Мортимер |
| Раскажувач | Џереми Ајронс |
| Настапуваат | Џереми Ајронс Ентони Ендрјуз Фиби Николс Џејн Ешер Сајмон Џонс Џон Гилгуд Лоренс Оливије |
| Музика | Џефри Бургон |
| Кинематографија | Реј Гуд |
| Монтажа | Ентони Хем |
| Дистрибутер | Телевизија Гранада Големи Изведби Независна Телевизија Севермогерманска Радиодифузија Јавна Радиодифузна Служба |
| Премиера | 1982 |
| Времетраење | 659 мин |
| Држава | |
| Јазик | Англиски |
Враќање во Брајдсхед (англ. Brideshead Revisited) е ТВ минисеријал од 1981 базиран на истоимениот роман на Ивлин Во. Адаптацијата ја направиле продуцентот Дерек Грејнџер и Мартин Томпсон по отфрлање на првичното сценарио на Џон Мортимер. Режисерот е Чарлс Стариџ и дел од една или повеќе епизоди на Мајкл Линдзи-Хог. Улогите ги толкуваат: Џереми Ајронс - Чарлс Рајдер, Ентони Ендрјуз - Лорд Себастијан Флајт, Лоренс Оливије - Лорд Марчмејн, Клер Блум - Леди Марчмејн, Дијана Квик - Леди Џулија Флајт и Џејн Ешер - Силија Рајдер; како и Фиби Николс - Леди Кордилија Флајт, Џон Гилгуд - Едвард Рајдер, Сајмон Џонс - Лорд Брајдсхед, Николас Грејс - Ентони Бланш, Стефана Одран - Кара, љубовницата на Лорд Марчмејн и Чарлс Китинг - Рекс Мотрем.
Оксфордските сцени се главно снимани Воовата алма матер, колеџите Херфорд Колеџ, Вадам и Крајст Черч. Локацијата на Брајдсхед е Хавардскиот замок во Јоркшир. Сцните на палубите се снимани на прекуокеанскиуот крстосувач Кралица Елизабета 2. По стандардите на британската телевизија, овој драмски серијал од доцните 1970-ти бил мошне раскошен; Токму со ова дело телевизиската компанија „Гранада“ се здобила со својот углед.
Впечатливиот почеток на серијата има музика со барокна труба компонирана од Џефри Бургон.
На листата на 100 најдобри британски телевизиски програми направена од Британскиот Филмски Институт во 2000 год. по гласови на професионалци во таа дејност, серијалот „Враќање во Брајдхед“ добил десетто место, иако многу го сметаат за најдобриот ТВ серијал на сите времиња.
Видете исто така [уреди]
Наводи [уреди]
- Giles Foden. „Waugh versus Hollywood“, The Guardian, 22 мај 2004 (проверено на 21 април 2007).
Надворешни врски [уреди]
- Враќање во Брајдсхед на Интернет Филмската База на податоци. (1981) (англиски)
- Враќање во Брајдсхед на Интернет Филмската База на податоци. (2008) (англиски)
