Сал Маала
Чучулигово Κωνσταντινάτο | |
---|---|
Координати: 41°1.3′N 23°32.30′E / 41.0217° СГШ; 23.53833° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Сер |
Општ. единица | Киспикеси |
Надм. вис. | 14 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 269 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Сал Маала (грчки: Κωνσταντινάτο, Константинато; до 1927 г. Σαλ Μαχαλάς, Сал Махалас[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.[3]
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во Серското Поле, јужно од градот Сер и во непосредна близина на Киспикеси.
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во XIX век и почетокот на XX век Сал Маала било чисто македонско село во Серската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Сал Мала (Salmala) има 8 домаќинства на 29 жители Македонци.[4][5]
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
„ | Сал Maala, чифлик кој припаѓа на многумина; се наоѓа на JИ од Сер. Земја плодна како во Ени Маала. 25 македонски куќи;[6] грчка црква.[7] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Сал Маала (Салъ Махала) броела 210 жители, сите Македонци-христијани.[4][8]
На почетокот на XX век населението било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. населението на Сал-Махала (Sal-Mahala) се состоело од 272 Македонци патријаршисти.[4][9]
Во Грција
[уреди | уреди извор]За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото имало 110 жители, а во 1920 г. се смалило на 78 лица.[3] Сето население под притисок на властите се иселило во Бугарија, а на нивно место во 1924 г. се доведени грчки колонисти.[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Константинато, но промената официјално стапила на сила следна 1927 г.[2] Пописот од 1928 г. ја претставува Сал Маала како чисто дојденска населба со 233 жители (57 семејства).[10]
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 344 | 390 | 445 | 348 | 451 | 427 | 414 | 332 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 263–264. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 118–119. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Нарекувајќи ги „бугарски“ под влијание на бугарската пропаганда.
- ↑ Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 840.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 176. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 198–199.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
|