Прејди на содржината

Орск

Координати: 51°13′44.4″N 58°28′5.2″E / 51.229000° СГШ; 58.468111° ИГД / 51.229000; 58.468111
Од Википедија — слободната енциклопедија
Орск
рус. Орск
Знаме на ОрскГрб на Орск
Железничка станица во Орск
Железничка станица во Орск
ДржаваРусија
Федерален субјектОренбуршка Област
Selsoviet1735 година
Основан во1735Уреди википодатоци
Површина
 • Вкупна621,3.305 км2 (239,8.970 ми2)
Надм. вис.&10000000000000200000000200 м
Население (попис 2010)[1]
 • Вкупно239 752
 • Подреден наОренбуршка Област
Час. појасЕкатеринбуршко време Уреди википодатоци[2] (UTC+5)
Поштенски бр.[3]462400Уреди википодатоци

Орск (руски: Орск) — град во Оренбуршката Област во Русија. Сместен е на југот од планините Урал, на бреговите на реката Урал. Бидејќи оваа река се смета за граница помеѓу Европа и Азија, за Орск може да се каже дека лежи на два континента. Оддалечен е околу 1700 југоисточно од Москва. Според пописот во 2010 година, во градот живееле 239 752 жители.

Орск е втора по големина административна единица во Оренбуршката Област.

Историја

[уреди | уреди извор]

Орск е основан во процесот на руското населување на јужниото уралско подрачје. Првата населба е изградена од експедиција предводена од познатиот руски географ од XVIII век, Иван Кирилович Кирилов како воено утврдување на планината Преображенска, на левиот брег на реката Јаика (денешна река Урал) на 15 август 1735 година. Првично се викал Оренбург. Во 1739 година тврдината била официјално преименувана во Орск. До 1835 година Орската тврдина на реката Урал му го даде значењето на границата на руската држава.

Како и да е, Орск останал важна транзитна станица во правец на Средна Азија. Има пошта од 1858 година, а од 1905 годинаглавната железничка линија од Москва преку Орск до Ташкент .

Од 22 јуни 1847 година до 11 јули 1848 година, на тврдината Орск се наоѓал прогонетиот украински поет и сликар Тарас Шевченко. 1861 година, тврдината го изгубила воениот статус, па станала населба на Оренбуршките Козаци. 1865 година Орск добил статус на град и станал покраиниски центар во Оренбуршкото подрачје.

Брзиот раст започнал во 1870-тите. Населението главно се занимавало со трговија со добиток и жито, преработка на земјоделски производи и разни занаети, што го прави важен пазар на добиток и локален центар на деловниот свет. Бројни жени учествувале во ткаењето на познатите Оренбуршки шалови. До 1913 година, населението во Орск било над 21 000. До 1917 година имало 11 цркви и минариња и 16 образовни институции од различни видови и степени. За време на Руската граѓанска војна, од 1918 до 1919 година, Орск претрпел тримесечна блокада и потоа го смени својот „господар“ четири пати.

Во 1930-тите, започнала изградбата на големи индустриски претпријатија, кои црпеле суровини од локалните почви богати со минерали.

Орск е уште повеќе индустријализиран од 1930 година, особено во Втората светска војна, како резултат на евакуацијата од подрачјето окупирано од Третиот рајх. Изградени се нови градски квартови и Орск се развил во голем град.

Население

[уреди | уреди извор]

Според прелиминарните податоци од пописот, градот имал население од 239 752 жители во 2010 година, 11 211 (4,47%) помалку отколку во 2002 година.

Движење на бројит на населението
1939 година 1959 година 1970 година 1979 година 1989 година 2002 година 2010 година
66 345 176 214 225 314 246 667 270 711 250 963 239 752

Етнички состав: Руси 75%, Украинци 5%, Татари 5%, Козаци, Башкири, Белоруси (сите помалку од 5%).

Интересни факти

[уреди | уреди извор]

Еден од највидливите камења кои се вадат во околината на Орск е оној кој се вади на планината Полковник, јаспис. Оскиот јаспис е ценет по својата разновидност на природни дизајни и бои. Сите бои освен сината може да се најдат во овој камен.

Индустрија

[уреди | уреди извор]

Орск е важен индустриски центар на Оренбуршката област. Главните индустрии се: металургијата, машинското инженерство, петрохемијата, фармацевтската, прехранбената и лесната индустрија. Најважните фабрики се Јужуралникел, Орскнефтеоргсинтез и Југуралмашзавод.

Околината на градот е богата со хром, никел и бакар.

Постојат два главни институти во Орск: педагошки и индустриски. Исто така, има голем број разни училишта и факултети, Државниот драмски театар, Музејот за локална историја, Лабораторијата за археолошки студии, Детската уметничка галерија, Детскиот народен театар „Сина птица“ и општинскиот дувачки оркестар.

Некои од интересните знаменитости на индустрискиот Орск се 40 археолошки споменици вклучувајќи антички населби, поединечни и масовни гробници. Гробниците во Кумак, кои датираат уште од бронзеното време, даваат уверлива хипотеза за источноевропските корени на индоевропските народи.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Користена литература

[уреди | уреди извор]
  1. Федерална служба за државна статистика (2011). „Всероссийская перепись населения 2010 года. Том 1“. Всероссийская перепись населения 2010 года. Федерална служба за државна статистика. Посетено на June 29, 2012.
  2. „Об исчислении времени“. Официальный интернет-портал правовой информации. 3 јуни 2011. Посетено на 19 January 2019.
  3. Почта России. Информационно-вычислительный центр ОАСУ РПО. (Russian Post). Поиск объектов почтовой связи (Postal Objects Search) (на руски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]