Нареш

Координати: 40°47.53′N 22°50.26′E / 40.79217° СГШ; 22.83767° ИГД / 40.79217; 22.83767
Од Википедија — слободната енциклопедија
Нареш
Μονόλοφο
Поглед на Нареш
Поглед на Нареш
Нареш is located in Грција
Нареш
Нареш
Местоположба во областа
Нареш во рамките на Даутбал (општина)
Нареш
Местоположба на Нареш во Солунскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°47.53′N 22°50.26′E / 40.79217° СГШ; 22.83767° ИГД / 40.79217; 22.83767
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски
ОпштинаДаутбал
Општ. единицаКалитеја
Надм. вис.&1000000000000007500000075 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно923
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.545 00

Нареш (грчки: Νέα Φιλαδέλφεια, Неја Филаделфија, до 1927 г. Νάρες, Нарес;[2] од 1927 до 1967 г. Φιλαδελφειανά, Филаделфијана[3]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Даутбал во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 923 жители (2011). Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.[4]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во областа Вардарија на Солунското Поле, на десниот брег на реката Галик, југоисточно од Горчливото Езеро. Оддалечено е 20 км северно од Солун, крај патот од Солун за Кукуш.[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Кај Нареш е откриен Нарешкиот натпис — граничен натпис од X век изрежан во камен столб со кој се означува границата на Византија.

На крајот од XIX век Нареш било чисто македонско село во Солунската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото броело 200 жители, сите Македонци христијани.[5][6]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. селото Нареш (Nariche) имало 168 Македонци, сите под врховенството на Бугарската егзархија.[5][7] Боривое Милоевиќ вели дека пред Балканските војни Нареш имало 13 куќи, од кои 8 биле на Македонци-христијани и 5 на Роми-муслимани.[8]

Во Грција[уреди | уреди извор]

Селото настрадало во Втората балканска војна од жестокостите на грчката војска, и поради тоа во 1913 г. се води како напуштено. Истата година е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. По извесно време, дел од населението се повратило во селото, поради што во 1920 г. се попишани 62 жители.[4] По 1922 г. грчките власти тука населиле грчки колонисти од Мала Азија и Источна Тракија. Во 1926 г. името му е сменето во Филаделфијана. Според пописот од 1928 г. Нареш било етнички мешано (македонско-дојденско) село со вкупно 555 жители,[4] од кои 339 жители (106 семејства) биле дојденци.[9] Во 1967 г. е одново преименувано, овојпат во Неја Филаделфија, по грчкото име (Филаделфија) на местото Алашехир во Турција од каде потекнувале колонистите.

Според пописот од 1961 г. непосредно до селото имало нова дојденска населба со 40 жители, која отпрвин го носела македонското име на старото село, за во 1963 г. да биде преименувана во Дилофо (во прев. „два рида“). На следниот попис не се споменува како населено место бидејќи жителите се иселиле.[4]

Месности во Нареш преименувани со службен указ на 21 октомври 1969 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Мастака[10] Μάστακα Ктима Κτήμα[11] месност на СЗ од Нареш[10]
Нареш[10] Νάρες Корифи Κορυφή[11] возвишение на СИ од Нареш (140,8 м)[10]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 642 713 775 446 532 716 826 923
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Νάρες -- Φιλαδελφειανά
  3. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Φιλαδελφιανά -- Νέα Φιλαδέλφεια
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 333.
  5. 5,0 5,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 140. ISBN 954430424X.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 218-219.
  8. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 33.
  9. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  11. 11,0 11,1 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 669. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 208): 1478. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)