Гудели
Гудели Βαμβακούσσα | |
---|---|
Координати: 40°59.43′N 23°29.17′E / 40.99050° СГШ; 23.48617° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Сер |
Општ. единица | Киспикеси |
Надм. вис. | 15 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 189 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Гудели (грчки: Βαμβακούσσα, Вамвакуса; до 1926 г. Γκούντελη, Гудели[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, кои денес се половина од населението.[3]
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во Серското Поле, јужно од градот Сер и близу левиот брег на Струма.
Историја
[уреди | уреди извор]Месното предание вели дека селото е основано од извесен Гудо, кој прв дошол тука да го чисти теренот од шума, а потоа привлекол и други работници од соседните села.[4]
Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]През XIX век и началото на XX век Гудели е чисто българско селище, числящо се към Серската каза.
Во 1889 г. Стефан Верковиќ напишал:
„ | Гуде Махалеси или Гудили: чифлик, 1 црква, жителите се Македонци; оддалечено на 2 часа од Нигрита.[5][6] | “ |
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
„ | Гудели, село до Струма, на СЗ от Суха Бања. Од Сер до Гудели 31⁄2 часа. Зиме го залева реката, та патот станува многу мачен. 50 куќи само Македонци.[7][8] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото броело 360 жители, сите Македонци-христијани.[5][9]
Во Грција
[уреди | уреди извор]За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година е попишано со 189 жители, а во 1920 г. имало 168 лица што начи дека настрадало во Балканските и Првата светска војна.[3] Во 1920-тите 25 жители се иселиле во Бугарија под притисок на власта. Во селото се доведени грчки колонисти од Турција. На пописот од 1928 г. во селото имало 368 жители,[3] од кои 185 дојденци (45 семејства), а остатокот македонски мештани.[10]
Околу 1930 г. на местото на постар храм е изградена црквата „Живоносен Извор“.[11]
Населението доживеало голем пад во 1970-тите, кога половината од жителите се иселиле во градовите.
Име | Грчки | Ново име | Грчки | Опис |
---|---|---|---|---|
Харманка[12] | Χαρμάγκα | Алонотопос | Άλωνότοπος[13] | месност на Ј од Гудели[12] |
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 547 | 461 | 560 | 893 | 416 | 409 | 368 | 243 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 250. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 106.
- ↑ 5,0 5,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 59.
- ↑ Нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
- ↑ Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 844.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 180. ISBN 954430424X.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- ↑ „Ιερός Ναός Ζωοδόχου Πηγής“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 19 декември 2017.
- ↑ 12,0 12,1 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1042. 1968. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help)
|