Прејди на содржината

Готлоб Фреге

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фридрих Лудвиг Готлоб Фреге
Фотографија на Фреге од 1879 година
Роден(а)8 ноември 1848(1848-11-08)
Висмар, Мекленбург-Шверин, Германија
Починал(а)26 јули 1925(1925-07-26) (возр. 76)
Бад Клајнен, Мекленбург-Шверин, Вајмарска Република
Значајни делаПоимно писмо“ (Begriffsschrift; 1879)
Основите на аритметиката“ (1884)
ПериодФилозофија во XIX век
Филозофија во XX век
ПодрачјеЗападна филозофија
ШколаАналитичка филозофија
Претежна дејност
Филозофија на математиката, математичка логика, филозофија на јазикот
Значајни идеи
логика од прв ред, предикатна логика, логицизам

Фридрих Лудвиг Готлоб Фреге (германски: Friedrich Ludwig Gottlob Frege; 8 ноември 1848 Висмар26 јули 1925 Бад Клајнен) — германски математичар, логичар и филозоф. Еден од основачите на современата математичка логика и аналитичка филозофија. Се смета за еден од најголемите логичари на сите времиња. Неговото дело „Поимно писмо“ (Begriffsschrift) е најважната книга во историјата на логиката од основањето на предметот од страна на Аристотел, па сè до тој момент.

Најголемиот дел од својата научна кариера го поминал на Универзитетот во Јена. Држел предавања од многу области како математика, поконкретно држел предавања по аналитичка геометрија, диференцијални равенки, механика, и покрај тоа што поголемиот дел од неговите математички трудови биле од областа на логиката. Најзначајните трудови му биле од областите: логика, математичка филозофија и филозофија на јазикот. Една позната реченица на Фреге е: „Секој добар математичар е барем половина филозоф, а секој добар филозоф е барем половина математичар.“

Во 1879, Фреге ја конструирал првата варијанта на предикатното сметање. Таа била многу слична на денешната, и покра тоа што Фреге користел друга нотација. Фрегеовото откритие за квантификаторот кој врзува променливи, се смета за едно од најголемите откритија на XX век.

Фреге сакал да покаже дека целокупната математика може да се сведе на логика, но во тоа не успеал. Развил специфична филозофија на јазикот која и денеска многу филозофи ја сметаат за значајна.

Литература

[уреди | уреди извор]
  1. "Frege's Technical Concepts", in Frege Synthesized: Essays on the Philosophical and Foundational Work of G. Frege, L. Haaparanta and J. Hintikka, Synthese Library, D. Reidel, 1986, pp. 253–295
  2. "Frege's Technical Concepts" in Frege Synthesized: Essays on the Philosophical and Foundational Work of G. Frege, L. Haaparanta and J. Hintikka, Synthese Library, D. Reidel 1986 pp. 253–295 ([1])

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]