Готлоб Фреге

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Фридрих Лудвиг Готлоб Фреге
'
Young frege.jpg
Фотографија на Фреге од 1879 година
Роден(а) 8 ноември 1848(1848-11-08)
Висмар, Мекленбург-Шверин, Германија
Починал(а) 26 јули 1925(1925-07-26) (воз. 76 г.)
Бад Клајнен, Мекленбург-Шверин, Вајмарска Република
Значајни дела Поимно писмо“ (Begriffsschrift; 1879)
Основите на аритметиката“ (1884)
Период Философија во XIX век
Философија во XX век
Подрачје Западна философија
Школа Аналитичка философија
Претежна дејност
Философија на математиката, математичка логика, философија на јазикот
Значајни идеи
логика од прв ред, предикатна логика, логицизам

Фридрих Лудвиг Готлоб Фреге (германски: Friedrich Ludwig Gottlob Frege; 8 ноември 1848 Висмар26 јули 1925 Бад Клајнен) — германски математичар, логичар и философ. Еден од основачите на современата математичка логика и аналитичка философија. Се смета за еден од најголемите логичари на сите времиња. Неговото дело „Поимно писмо“ (Begriffsschrift) е најважната книга во историјата на логиката од основањето на предметот од страна на Аристотел, па сè до тој момент.

Најголемиот дел од својата научна кариера го поминал на Универзитетот во Јена. Држел предавања од многу области како математика, поконкретно држел предавања по аналитичка геометрија, диференцијални равенки, механика, и покрај тоа што поголемиот дел од неговите математички трудови билe од областа на логиката. Најзначајните трудови му биле од областите: логика, математичка философија и философија на јазикот. Една позната реченица на Фреге е: „Секој добар математичар е барем половина философ, а секој добар философ е барем половина математичар.“

Во 1879, Фреге ја конструирал првата варијанта на предикатното сметање. Таа била многу слична на денешната, и покра тоа што Фреге користел друга нотација. Фрегеовото откритие за квантификаторот кој врзува променливи, се смета за едно од најголемите откритија на XX век.

Фреге сакал да покаже дека целокупната математика може да се сведе на логика, но во тоа не успеал. Развил специфична филозофија на јазикот која и денеска многу философи ја сметаат за значајна.

Литература[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Frege's Technical Concepts", in Frege Synthesized: Essays on the Philosophical and Foundational Work of G. Frege, L. Haaparanta and J. Hintikka, Synthese Library, D. Reidel, 1986, pp. 253–295
  2. "Frege's Technical Concepts" in Frege Synthesized: Essays on the Philosophical and Foundational Work of G. Frege, L. Haaparanta and J. Hintikka, Synthese Library, D. Reidel 1986 pp. 253–295 ([1])

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Портал „Философија
Портал „Логика